Коце Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.

Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски…

– Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-те кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и прв пат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато, рече Мицкоски.

Тој повтори дека очекува сериозна победа во 15-те општини за чии кандидати зборуваше.

Наскоро, дополни Мицкоски, ќе бидат познати и политичките партии кои ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје.

Во однос на фингер-принт апаратите за кои вчера на брифинг Љупчо Николовски кажа дека е можно и да нема за претстојните локални избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека нивното обезбедување е законска обврска.

– Ако е точно дека така рекол, значи дека оној што треба да го почитува Законот, свесно најавува негово кршење. Ако знае нешто што ние не знаеме, треба да ѝ соопшти на јавноста. Не верувам дека членовите на ДИК се подготвени како Николовски, да го кршат Законот. Очекувам терминалите за отисок од прст да бидат успешно обезбедени, инсталирани и фунционални, потенцира Мицскоски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе