Македонија

Кочан чека упатен акт за издржување на казната за „Труст“

12. јуни 2019 - 17:33 | МИА

Скопје, 12 јуни 2019 (МИА) – Предметот „Труст“ на СЈО вчера Апелацискиот суд го проследил до Кривичниот суд и во наредните денови преку АКМИС системот ќе му биде распределен на судија за извршување санкции кој потоа треба да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна.

Како што информираат од Кривичниот суд, Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години, а за второобвинетиот определи условна казна.

Коментирај