
Денеска, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар го лишиле од слобода Е.А. (36) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 1:30 часот, во хотел на подрачјето на Центар, се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето.
Притоа тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.
Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.