Кочанскиот ориз наскоро во јапонските ресторани низ Европа?

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска во јапонската амбасада во Тирана оствари средба со неговиот колега Такада Мицујуки.

На средбата е разговарано за повеќе прашања од интерес на двете земји и народи, но, посебно се разменети мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Мицујуки, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се прозведува во Јапонија. Поради тоа тој предложил да се разгледа можноста оризот од Северна Македонија да се нуди на јапонски ресторани низ Европа.

– Почитуван амбасадоре Марковски, пренесете им на производителите на ориз во Северна Македонија, дека кочанскиот ориз по својот квалитет и својства е на исто рамниште со оризот од Јапонија. Ви предлагам да започнете со понуда на истиот во јапонските ресторани низ Европа, кажал амбасадорот Мицујуки.

Во објавата на Facebook страната на македонската Амбасада се наведува дека Марковски, пред извесно време му го обезбедил овој познат македонски производ на својот јапонски колега.

Двајцата допломати се договориле во идина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес.

Така да, доколку во иднина навистина кочанскиот ориз се употребува во јапонските ресторани на Стариот континент, тоа би значело дека Европејците ќе јадат суши од македонски ориз.

,,Почитуван амбасадор Марковски пренесете им на производителите на ориз во Северна Македонија, дека кочанскиот ориз по...

Posted by Embassy of the Republic of North Macedonia in Albania on Tuesday, April 13, 2021
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе