Кошарка

Кочов и следната сезона ќе го предводи МЗТ Скопје

15. јули 2019 - 13:48 | МИА

Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов и следната сезона ќе седи на клупата на тимот од Аеродром. За 34-годишниот тренер ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на „металците“ со кои ја освои титулата во домашниот шампионат.

Инаку Кочов е шестиот стратег кој успеал да го донесе трофејот во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата.

„Останувањето на Кочов е потврда на заложбата на клубот за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување“, соопштија од тимот.

Коментирај