Авто новости

Кое е големото изненадување на Hyundai за Европа?

10. јули 2019 - 11:58 | А.С.

Јужнокорејската компанија Hyundai најави „голем јуриш“ на европскиот пазар со нов модел.

За септемврискиот саем на автомобили во Франкфурт, Hyundai најави модел што ќе донесе „најголема безбедност и поврзаност во класата“.

Таинствената фотографија што ја објави Hyundai не открива речиси ништо за моделот, па не може да се заклучи ни дали е хечбек или кросовер, освен тоа дека лебдечкиот покрив се спушта зад задниот столб.

Може само да се претпостави дека не станува збор за голем автомобил, имајќи предвид дека задниот дел е краток, а задните стоп светла се блиску до задните врати.

Ако станува збор за помал автомобил, можно е Hyundai да има подготвено уште еден компактен кросовер како „засилување“ за моделот Kona, некаква европска верзија на Venue кој не е наменет за „Стариот континент“.

Кога ќе се спомне нов кросовер, првата реакција на јавноста е „Зарем нема доволно?!“, но побарувачката на пазарот вели: „Нема“.

Во секој случај, во септември ќе видиме кое е големото изненадување што Hyundai го подготвува за Европа.

Коментирај