Кое е најбогатото кралско семејство во Европа?

Иако кралицата Елизабета и нејзиното семејство се најпознатото кралско семејство во светот, сепак нивното богатство не може да се мери со она на најбогатите кралски семејства од Европа. Со вредност од околу половина милијарда долари британското кралско семејство се наоѓа на четвртото место на најбогати кралски семејства во Европа, но кои се наоѓаат пред нив?

Голем дел од европските кралски семејства ќе присуствуваат на кралската свадба во сабота, а се очекува тие да донесат многу вредни подароци за принцот Хари и Меган Маркл. Решивме да ги рангираме само десетте најбогати кралски семејства во Европа, па во продолжение погледнете кои се тие.

10. Кралот Филип, Белгија

Не постојат многу податоци за богатството на кралот Филип од Белгија, но според Forbes, тој заедно со неговото семејство вреди околу 13 милиони американски долари. Белгиските кралски недвижнини не му припаѓаат нему, туку на државата, па затоа не влегуваат во неговата конечна вредност.

9. Кралот Фелипе, Шпанија

Шпанскиот крал не го крие своето богатство од очите на народот и живее многу луксузен живот. Неговата годишна плата изнесува скоро 300.000 долари годишно, а годишно тој троши околу 8 милиони државни пари за да си го дозволи луксузот. Поседува осум кралски палати, пет кралски резиденции и 10 манастири и црковни објекти. Неговата вредност се проценува на околу 20 милиони долари.

8. Кралот Харалд V, Норвешка

Кралот на Норвешка не плаќа даноци за неговото богатство и има потрошено дел од парите за да купи луксузна, голема јахта. Неговото семејство ја чини државата околу 72 милиони годишно, а во 2017 година само тој и кралицата потрошија преку 14 милиони долари.

7. Кралицата Маргрет II, Данска

Кралицата Маргрет е на тронот на Данска уште од 1972 година, а нејзиниот народ ја смета за многу посветен и благороден владетел. Нејзиното семејство вреди преку 40 милиони долари, а државата им обезбедува 12,8 милиони долари годишно за нивните кралски трошоци.

6. Кралот Карл XVI Густаф, Шведска

Шведскиот крал доби 7,6 милиони долари од државниот фонд за вршењето на неговите официјални должности, а администрацијата на Кралската палата доби 7,4 милиони долари од државата истата година. Вредноста на шведското кралско семејство се проценува на преку 70 милиони долари.

5. Кралицата Беатрис, Холандија

Богатството на холандското кралско семејство се проценува на околу 200 до 300 милиони долари, а кралицата Беатрис иако се откажа од тронот во 2013 година, сепак останува доминантна фигура во ова семејство. Оваа година кралското семејство располагаше со буџет од 47 милиони долари, кои им беа дадени од државата.

4. Кралицата Елизабета II, Англија

Најпознатото кралско семејство во светот располага со богатство од преку половина милијарда долари, меѓу кои се наоѓаат вредни уметнички дела, имоти и инвестиции. Само кралицата Елизабета има приватно богатство поголемо од 530 милиони долари, тврди Forbes. Најголемиот дел од вредноста доаѓа од Кралскиот имот, во кој спаѓаат Бакингемската палата и кралскиот накит.

3. Принцот Алберт, Монако

Принцот на Монако е првиот на оваа листа кој ја пробива вредноста од милијарда долари, бидејќи неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда. Тој поседува скоро четвртина од земјата на Монако, има колекција на стари автомобили и има имот во Филаделфија кој чини околу 750.000 долари.

2. Големиот војвода Хенри, Луксембург

Никој од големото војводско семејство на Луксембург не добива годишна плата, но затоа од 1948 година па наваму тие добиваат по 325.000 долари секоја година за да ги извршуваат нивните кралски функции. Целата администрација, контрола и имот на Кралската резиденција му припаѓа на носителот на круната, чие богатство се проценува на околу 4 милијарди долари.

1.Принцот Ханс Адам II, Лихтенштајн

Принцот од Лихтенштајн секоја година добива 270.709 долари кои не се подложени на данок за извршувањето на неговата функција. Иако ова изгледа како мала сума, сепак треба да се знае дека кралското семејство на Лихтенштајн раководи со приватна банка, LGT Group, и голем број инвестиции во домашни и странски компании. Нивното богатство се проценува на преку 5 милијарди долари.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе