Кое е најцрното сценарио за автомобилската индустрија во 2019 година?

Податоците од автомобилската индустрија објавени вчера покажуваат дека продолжува да се намалува побарувачката во Кина, најголемиот автомобилски пазар на светот.

САД размислуваат за наметнување нови тарифи за увезени автомобили, што ќе биде уште еден силен удар за глобалните автомобилски брендови.

Загрижувачки знаци од Кина

Продажбата на патнички автомобили во Кина опадна за речиси 18% во јануари, во споредба со истиот период пред една година, покажуваат податоците на Кинеското здружение на производители на автомобили. Тоа е најновиот кобен знак за глобалните брендови како General Motors (GM) и Volkswagen (VLKAF), кои зависат од блокбастерската продажба кај кинеските потрошувачи.

Продажбата на кинескиот автомобилски пазар покажа негатива во јули, 2018 година и падот трае веќе седми месец по ред. Годишната продажба на автомобили опадна во 2018 година за прв пат во 20 години.

Второто најголемо стопанство во светот ги чувствува последиците од владините напори да го зауздаат ризичното позајмување по брзиот подем на нивото на задолженост. Трговските тензии со САД и укинувањето на кинеските субвенции во автомобилксиот сектор само ја влошуваат состојбата.

Дел од најголемите автомобилски производители веќе трпат штета како резултат на ова. GM минатиот месец соопшти дека продажбата во Кина опаднала за 10% лани, во споредба со 2017 година. Компанијата со седиште во Детроит,САД се надева дека ќе го надомести падот годинава со пуштање во продажба на повеќе од 20 нови модели во Кина и префрлање на фокусот кон електрични возила.

Продажбата на Ford во Кина се намали за повеќе од една третина во 2018 година.

Германската групација Volkswagen Group (во која спаѓа и Audi) пријави рекордна продажба во Кина во 2018 година, но растот не продолжи и во 2019 година – продажбата на брендовите на Volkswagen опадна за 3% во јануари.

Тарифите на Трамп може да бидат кобни

Германските производители особено ќе бидат погодени од американските тарифи. Секретарот за трговија на САД Вилбур Рос завчера му ги даде на претседателот Трамп резултатите од истрагата за тоа дали увозот на автомобили и автомобилски делови е закана за националната безбедност на САД.

Трамп има 90 дена за да донесе одлука по читањето на извештајот. Може да одлучи да воведе тарифи до 25% за увоз на возила, потег за кој експертите предупредуваат дека може да нанесе огромна штета на автомобилските компании надвор од САД.

Тарифи од вакви размери би можело да резултираат со пад на извозот на германски автомобили за околу 50% во период од една деценија, предупреди Институтот за економски истражувања Ifo со седиште во Минхен.

САД се голем пазар за компаниите како Volkswagen и Daimler (DDAIF), која е сопственик на Mercedes-Benz.

Експертите исто така предупредуваат дека каков било потег за зголемување на американските тарифи за странски автомобили би можело да ѝ нанесе штета на американската автомобилска индустрија која зависи од увезени делови.

Најлошото сценарио е тарифите да доведат до укинување на илјадници американски работни места во автомобилската индустрија и покачување на цените за американските потрошувачи, предупреди лоби групата Center for Automotive Research со седиште во Мичиген, САД.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Авто новости

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Read more
 

Автомобили

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Ниска цена на сметка на безбедноста: Електричниот Citroën падна на тестот за безбедност

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе