Кое е најдоброто време во денот да го испиете првото кафе?

Кафето ни помага да се разбудиме наутро, и покрај тоа, овој пијалок има бројни здравствени придобивки.

Но, без разлика што ви се чини дека е најдобро да се напиете кафе веднаш штом се разбудите, сепак има подобро време за првата шолја кафе, за да можете целосно да ги искористите сите придобивки што ви ги нуди кафето.

Имено, не треба да пиете кафе штом станете од кревет, туку еден час откако ќе се разбудите. Во тој момент, производството на кортизол во телото е на еден од трите пикови во текот на денот, покажаа резултатите од една клиничка студија.

Кортизолот генерално се смета за „хормон на стресот“ затоа што се лачи во поголеми количини кога чувствуваме стрес или напнатост во околности за кои сметаме дека се напорни. Но, кортизолот, исто така, може да се смета за „хормон на будност“, бидејќи причината зошто телото произведува повеќе кортизол кога сме под стрес е да нѐ разбуди и да бидеме „на штрек“.

Внесувањето кофеин додека телото е во пикот на производството на кортизол го учи телото да произведува помалку кортизол, велат хронофармаколозите кои го проучуваат начинот на кој супстанциите, како кофеинот, влијаат на природните биолошки ритми на нашето тело.

Ова не само што го поткопува ефектот на кофеинот, туку и ја намалува способноста за разбудување што ја има кортизолот. Покрај тоа, може да придонесе за развој на толеранција на кафе што значи дека ни треба се повеќе и повеќе кафе за да ги постигнеме истите ефекти.

Значи, за целосно искористување на ефектите што ги нуди кафето, испијте ја првата шолја еден час откако ќе се разбудите, советува The Healthy. Вториот пик на производство на кортизол е околу 13 часот, а потоа околу 17 часот, па во некои од тие моменти можете да ја испиете следната шолја кафе.

реклама

Најчестите грешки со кои ја уништувате самодовербата на детето

Read more

Што го возбудува вистинскиот Македонец?

Read more

Предизвик од 52 недели: Како да заштедите 1.400 евра за една година?

Read more

Пет држави кои му се враќаат на животот како пред пандемијата

Read more

Здравје

Намирници кои го зајакнуваат имунитетот

Read more

Што ќе се случи во вашето тело ако 7 дена не јадете слатка храна?

Read more

Нутриционистите откриваат: Ова е главната причина зошто се дебелеете

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Кремасто рижото со печурки и пармезан

Читај повеќе

Најчестите грешки со кои ја уништувате самодовербата на детето

Читај повеќе

Намирници кои го зајакнуваат имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите чаеви за слабеење и забрзување на метаболизмот

Читај повеќе
  • filter

Се продава 8 века стар швајцарски дворец

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако би се телепортирале 200 години во минатото?

Читај повеќе

Што ќе се случи во вашето тело ако 7 дена не јадете слатка храна?

Читај повеќе

Што значи кога сонувате дека паѓате?

Читај повеќе

Што го возбудува вистинскиот Македонец?

Читај повеќе