Фудбал

Кое е најдоброто засилување во Серија А досега?

19. октомври 2017 - 15:07 | М.Д.

После неколку партии оваа сезона, многумина во Италија немаат дилема по ова прашање, Александар Коларов е најдобриот потег за летниот трансфер период во Серија А.

Искусниот српски дефанзивец пристигна во Рома и ги реши горките проблеми со левата бековска позиција.

Многумина стравуваа за овој трансфер, бидејќи играчи кои доаѓаат од Премиер лигата често знаеле да разочараат во Италија, на пример Ешли Кол но и Немања Видиќ.

Но, она што го заборавиле е фактот дека Коларов веќе има играно во оваа лига, три сезони за Лацио и иако работите се променети тој ја познава лигата.

„Сега е малку поинаку, но во суштина е исто, само три тима немаат квалитет за овој ранг“, вели Коларов.

Тренерот на Рома Еузебио Ди Франческо исто така има само пофални зборови за Србинот.

„Коларов е пример за младите играчи, вистински професионалец од кој можат многу да научат“, вели тој.

Коларов и синоќа беше меѓу најдобрите во ремито на Рома на „Стемфорд Бриџ“, а после тој натпревар тој и Џеко добија најдобри оценки во италијанските медиуми.

Џеко вели дека тој лично и го препорачал на Рома, односно на директорот Мончи.

„Неверојатен е. Рома остана во игра благодарение на него, го покажа она за што зборуваме цела есен. Неговото доведување е еден од најдобрите потези во преодниот рок во цела Серија А“, гласи само еден од коментарите поврзани со овој трансфер. 

Коментирај