Кое е најлошото време за консумирање јаглехидрати?

Многу е важно да ги препознаете и да ги избегнувате оние видови јаглехидрати кои не се добри за вашето тело, но и да сфатите кое време е најдобро или најлошо за консумација на јаглехидрати.

„Најлошото време за консумација јаглехидрати зависи од поединецот така што ќе мора да го процените вашето тело и личниот животен стил“, вели нутриционистот Реда Елмарди од StrongChap.com.

Ако не вежбате, а имате неактивна работа, немојте да јадете оброци со висок процент на јаглехидрати за појадок, ручек и вечера, туку исфрлете ги јаглехидратите од еден или два оброци, e нејзиниот совет.

„Ако пак сте активни во  текот на денот, тогаш е во ред да јадете јаглехидрати, само немојте да претерувате со калориите“, вели Елмарди.

Во овие ситуации повеќето луѓе би требало да избегнуваат јаглехидрати:

1. Навечер додека седат на кревет и гледаат ТВ

Најлошо е да консумирате јаглехидрати кога повеќе не ви треба енергија. За повеќето луѓе, тоа е навечер, кога времето го минуваме во седење.

2. Пред спиење

„Стекнете навики ограничувањето на јаглехидратите што ги внесувате да биде на два до три часа пред легнување“, советува Моргин Клер.

Експертот за исхрана Џош Акс советува 2 до 3 часа пред спиење да не јадете ништо за да го поттикнете варењето на храната и подобро да спиете.

3. Ако сте дијабетичар или сакате да ослабете

„Ако сте дијабетичар, веројатно ќе мора да бидете повнимателни во поглед на консумацијата на јаглехидрати“, вели Екс. „Можеби ќе треба да ја ограничите количината на житарки и овошје што го консумирате, но и да избегнувате преработени јаглехидрати и додадени шеќери во соковите“.

Исто така, ако сакате да слабеете, одлучете се на диета со малку јаглехидрати како што е кето диетата, која може да помогне во поттикнувањето на губење масти, советува Акс.

4. Ако поголем дел од денот седите

Кога сте неактивни или имате високо ниво на телесни масти, не е вистинското време за консумирање јаглехидрати.

„Телото може подобро да се носи со јаглехидрати во текот и по физичката активност“, вели нутриционистот Рајан Ендрус.

Но, наместо да се грижите кога би требало да внесувате јаглехидрати, фокусирајте се на изборот на вистинските видови јаглехидрати, советуваат нутриционистите.

Примери за здрави јаглехидрати се вклучени во зеленчук, цело овошје (не цедени сокови), цело зрно житарки, батат и сите видови компир, грав и мешунки, пишува Eat This, Not That.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе