Основачот на веб-страницата BabyNameWizard, Лoра Вотенберг, собрала податоци од 49 земји пред да дојде до заклучок дека Софија е апсолутен победник во категоријата најчесто женско име.

Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите каде родителите најчесто ги именуваат девојчињата Софија.
Ова име е и меѓу топ 3 најпопуларни имиња во дури 20 други земји.
„Интересно е што во толку многу различни јазици и култури се избира исто име во исто време“, рече Вотенберг за Life Science.
Софија доаѓа од грчкиот збор Σοφία и значи мудрост, а тајната на популарноста на името е што исто се изговара на различни јазици. Се среќава како Sophia, Sofia, Zsófia, Софија, Софья, Soffia...
Оваа веб-страница прекина со работа минатата година, но нејзината архива содржи богати статистички информации.