Кое е вистинското време за првиот сексуален однос?

Прераното почнување со сексуални односи е една од најголемите причини за каење кај младите, покажа едно британско истражување за сексуалното однесување.

Повеќе од една третина од женските и една четвртина од машките на тинејџерска возраст и рани 20-ти признале дека кога имале секс за прв пат тоа не било „вистинското време“ за нив.

Полов напад врз малолетник е поим кој се користи во македонскиот кривично-правен систем за да се опише сексуален акт во кој еден од учесниците е под возраста потребна за давање согласност за пристапување кон актот. Според Кривичниот законик на Република Македонија, овој термин го опишува кривичното дело при кое полнолетно лице извршува обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години.

Во Велика Британија старосната граница за давање согласност за секс е 16 години. Најновото Национално истражување за сексуални ставови и начин на живеење (Natsal) покажа дека многу луѓе не се чувствуваат подготвени за секс на таа возраст.

Истражувањето на Natsal што се спроведува на секои десетина години дава детален приказ за сексуалното однесување во Велика Британија.

За ова истражување, чии резултати беа објавени во BMJ Sexual & Reproductive Health, научниците од Лондонскиот факултет за хигиена и тропска медицина ги анализираа одговорите на 3.000 млади луѓе кои одговориле на прашалникот во периодот од 2010 до 2012 година.

Што покажуваат резултатите?

Одговорите покажаа дека речиси 40% од младите жени и 26% од младите мажи рекле дека се чувствуваат дека кога имале секс за прв пат тоа не било „вистинското време“ за нив.

Кога биле подлабоко распрашувани, повеќето рекле дека посакуваат да почекале подолго пред да ја изгубат невиноста. Малкумина рекле дека требало побрзо да почнат со сексуални односи.

Повеќето од испитаниците имале секс прв пат до 18 години – половина од нив рекле дека првиот секс го имале пред да наполнат 17 години.

Речиси една третина имале секс за прв пат пред да наполнат 16 години.

Желба за секс

Истражувањето исто така ги испита сексуалната компетентност и подготвеност – дали личноста може разумно да донесе информирана одлука дали да има секс за прв пат. На пример, дека треба да бидат доволно трезни за да се согласат на секс и да не носат одлука под притисок на врсниците.

Околу половина од младите жени и четворица од 10 млади мажи кои учествувале во истражувањето не ги зеле предвид овие параметри.

Речиси една од пет испитанички и еден од 10 испитаници рекле дека тие лично и нивниот партнер/нивната партнерка немале иста желба и волја за секс кога се случил првиот сексуален однос, што укажува дека некои се чувствувале дека им се врши притисок да имаат секс.

Основачот на истражувањето, професор Кај Велингс, рече дека возраста за согласност на секс не е индикатор дека некој е подготвен да стане сексуално активен.

„Секој млад човек е различен – некои 15-годишници може да се повеќе подготвени, а 18-годишни да не се.“

Доктор Мелиса Палмер, коистражувач во проектот, вели:

„Нашите заклучоци ја поткрепуваат идејата дека кај младите жени има поголема веројатност да бидат под притисок од нивните партнери да имаат секс. Иако резултатите од истражуавањето дадоа позитивен исход – дека речиси 9 од 10 млади луѓе користеле потврден метод за контрацепција кога прв пат имале секс – потребни се понатамошни напори за да се осигураме дека е заштитена добросостојбата на младите луѓе во поширока смисла откако ќе станат сексуално активни.“

Таа вели дека сексуалното образование во училиштата треба да ги опреми младите луѓе со вистинските вештини за преговарање за да имаат безбедно и позитивно прво сексуално искуство.

Кога е „вистинското“ време?

Ако помислувате дека сакате да имате секс за прв пат, прашајте се:

Дали се чувствувате дека ви е време?

Дали го сакам мојот партнер/Дали ја сакам мојата партнерка?

Дали тој/таа ме сака во иста мера?

Дали сме разговарале за користење кондоми за спречување сексуално преносливи болести и дали разговорот беше ОК?

Дали имаме методи за контрацепција за да се заштитиме од непланирана бременост?

Дали се чувствувам дека може да речам „не“ во кој било момент и да се премислам и дали и двајцата ќе бидеме ОК со тоа?

Ако сте одговориле со „да“ на сите овие прашање, најверојатно сте подготвени.

Но, ако одговорите со „да“ на следните прашања, можеби не сте:

Дали чувствувам притисок од некого, како на пример партнерот/партнерката или моите пријатели?

Дали би можело да се каам подоцна?

Дали размислувам за секс само за да ги импресионирам моите пријатели или за да не заостанувам зад нив во искуствата?

Дали размислувам за секс само за да го задржам партнерот/да ја задржам партнерката?

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе