Кога се работи за проблеми со срцето, високиот холестерол може да биде една од најголемите закани.

Кога нивото на холестерол ќе ви стане превисоко, телото развива масни наслаги кои можат да го блокираат протокот на крв во крвните садови. А запушените артерии може значително да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Иако е сериозен проблем, не е невообичаен. Помеѓу 2015 и 2018 година, околу 12 проценти од Американците на возраст над 20 години имале високи нивоа на „лош“ холестерол (LDL) и ниски нивоа на „добар“ холестерол (HDL). Ова може да се должи на голем број фактори како што се лошата исхрана, недостаток на вежбање или прекумерно консумирање алкохол и пушење.
Иако сите овие фактори можат да придонесат за висок холестерол, оној на кој најлесно се влијае е вашата исхрана. На пример, дури и типот на масло со кое готвите помага во менаџирањето на нивото на холестерол.
Според една студија во The Journal of Nutrition, палминото масло е едно од најлошите масла за холестеролот бидејќи содржи многу заситени масти. Студијата покажа дека потрошувачката на палмино масло, во споредба со другите растителни масла, значително го зголемува нивото на ЛДЛ холестерол.
Според Harvard Health, заситените масти кои се наоѓаат во палминото масло, кокосовото масло, црвеното месо, путерот и повеќето сладоледи се штетни за вашето целокупно здравје и секогаш треба да се консумираат умерено. И иако технички не се толку лоши како транс мастите, докажано е дека тие го зголемуваат нивото на холестерол.
Замената на палминото масло со незаситени масти може да помогне да се намали ризикот од висок холестерол. Во анализата од 2018 година објавена во Journal of Lipid Research, истражувачите откриле дека маслата како сончоглед, канола и ленено семе се најдобри за намалување на нивото на холестерол.
Други незаситени масти како маслиновото масло се исто така добри, но маслата добиени од семиња генерално беа подобри. Оваа анализа исто така потврди дека заситените масти како путерот се најлоши за намалување на холестеролот.
Палминото масло често е состојка и на многу готови, индустриски произведени производи, како чоколади, чипсови, разни грицки и друга индустриски преработена храна, па внимателно читајте го составот на производите пред да ги ставите во корпата за пазарење.