Домот треба да биде место за опуштање и лесно дишење, но за некои е извор на алергии и иритации.
Според санитарниот инспектор Рајан Блејсер, во секој дом постои место кое е многу валкано и полно прашина, стануваа збор за подрачјето под креветот кое важи за најголемо жариште на бактерии. Особено ако под креветот има тепих.
„Кога одам да вршам домашни инспекции, обично најдоброто место од каде земам примероци е под спалната или креветот. Тоа е место кое вообичаено не се чисти често, а луѓето обично не ги преместуваат работите под него и затоа е прилично валкано“, вели тој.
Откако тие примероци земени од под креветот се анализираат во лабораторија, Блејсер објаснува дека во примерокот често наоѓаат мртви кожни клетки, влакна, делови од инсекти, па дури и пестициди и влага.
Овие иританси не се нешто со што сакате да спиете секоја ноќ. Не само што може да доведат до болки во грлото и затнат нос по будењето, туку можат и негативно да влијаат на квалитетот на сонот, па и на целокупното здравје.
Оние кои се алергични на работи како мувла особено ќе имаат тешкотии со прашината под креветот.
И за тоа постои едноставно решение, повнимателно и почесто чистете го занемареното подрачје. Тој простор треба да го чистите еднаш неделно со правосмукалка, особено ако имате теписон, при што се заробува повеќе прашина отколку на тврда површина.
Притоа ќе мора да преместите се што има под креветот. За да останете доследни на новата рутина на чистење, во тоа вклучете и го неделниот ритуал на перење постелнина, како и на чистење на душекот за спиење со правосмукалка.