Кое овошје има трипати повеќе калиум од банана и помага против висок притисок?

Високиот крвен притисок или хипертензијата е честа медицинска состојба.

Иако бројот на заболени од хипертензија е голем, многу граѓани не знаат дека ја имаат, со оглед на тоа дека состојбата нема речиси никакви симптоми.

Висок крвен притисок се дијагностицира кај оние кои имаат вредности на крвниот притисок повисоки од 140/90 mmHg. Нивното срце мора да работи понапорно за да пумпа крв низ телото, а со текот на времето тоа предизвикува оптоварување на срцето, но и на другите органи и крвни садови и може да предизвика непоправлива штета. Хипертензијата е исто така фактор за многу сериозни здравствени состојби и болести, вклучувајќи срцеви заболувања, бубрежни заболувања, мозочен удар, срцева слабост и срцев удар.

Една од причините за висок крвен притисок е исхраната, особено храната со висока содржина на сол. Меѓутоа, како што солта може да го зголеми крвниот притисок, има и намирници кои можат да го намалат. Калиумот е минерал кој се наоѓа во одредени намирници и може да ублажи некои од проблемите предизвикани од прекумерното внесување натриум. Затоа, се вели дека консумирањето храна богата со калиум може да им помогне на оние кои страдаат од хипертензија.

„Храната која е богата со калиум е важна во контролирањето на високиот крвен притисок бидејќи калиумот ги намалува ефектите на натриумот. Колку повеќе калиум јадете, толку повеќе натриум губите во урината. Калиумот исто така помага да се намали напнатоста на ѕидовите на крвните садови, што дополнително помага во намалување на крвниот притисок“, велат од Американското здружение за срце (AHA).

Бананите често се сметаат за главен извор на калиум. Секои 100 грама банана содржи 330 мг калиум. Сепак, постои уште едно овошје кое содржи уште повеќе калиум. Станува збор за суви кајсии кои имаат околу 1162 mg калиум на 100 грама производ.

„Бидејќи сувите кајсии содржат калиум, тие може да го намалат нивото на крвниот притисок. Истражувањата покажаа дека калиумот може да го намали високиот крвен притисок кај пациенти со хипертензија“, додава AHA.

Сувите кајсии се исто така поврзани со подобрување на здравјето на срцето, здравјето на очите, здравјето на имунолошкиот систем и намален ризик од дијабетес.

реклама

Здравје

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Read more

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Read more

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Read more

Вода со маслиново масло и лимон: За подобро варење и здравје на црниот дроб

Read more
 

Магазин

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Читај повеќе