Кога COVID-19 ќе стане лесна болест како настинка?

Нова студија на американски научници предвидува дека SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува COVID-19, со тек на време ќе стане помалку заразен и ќе се појави сезонски, заедно со други патогени од семејството на коронавируси кои предизвикуваат лесна настинка.

Но, тоа ќе се случи дури откако SARS-CoV-2 ќе стане ендемски вирус, односно кога нема да предизвикува масовна зараза или сериозни болести, велат научниците од Универзитетот Емори и државата Пен.

Нивната студија е објавена во списанието Science.

„Кога вирусот ќе достигне ваква ендемска состојба зависи од брзината на неговото ширење и од стапката на вакцинација“, изјави за The New York Times водечката авторка на студијата Џени Лавин од Емори.

„Значи, треба сите да се изложат на вакцината што е можно побрзо“, истакна таа.

Истражувањето е засновано на шест коронавируси

Нивното истражување се заснова на шест човечки коронавируси, од кои четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат само благи симптоми. Другите двајца, тешкиот акутен респираторен синдром (SARS) и блискоисточниот респираторен синдром (MERS), се појавија во последно време и резултираат во висока смртност, но имаат слична генетика како коронавирусот кој предизвикува COVID-19.

Научниците сè уште проучуваат колку долго траат антителата и другите имунолошки клетки откако луѓето прележале COVID-19. Досегашните сознанија сугерираат дека имунитетот што ја блокира инфекцијата е релативно краток, но затоа имунитетот кој ги ублажува симптомите е долготраен.

Ова значи дека некое лице може да биде заразено со коронавирус неколку пати, но секој следен пат не би бил толку сериозен како првиот, што е слично на влијанието на настинките врз телото.

Откако повеќето луѓе ќе стекнат заштита од COVID-19, или преку природна инфекција или преку вакцинација, на коронавирусот најмногу ќе бидат изложени малите деца, а кај нив болеста се манифестира со благи симптоми и поминува полесно.

Но, без масовна вакцинација, ќе бидат потребни години и многу мртви за да се случи тоа, велат научниците.

Дури и во случај на појава на нови соеви на вирусот, како оној што сега се шири низ Велика Британија, научниците тврдат дека имунитетот стекнат од претходните соеви е „доволно силен за да спречи сериозни болести“. Исто како што е случај со четирите коронавируси кои предизвикуваат настинки во кои имунитетот се зајакнува со секое ново заболување.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Здравје

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Read more

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Read more

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Read more
 

Магазин

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе