Кога Данела ќе плива во Вардар?

По неколку месеци исчекување, градоначалничката на Париз, Ан Идалго, денеска го исполни ветувањето и влезе во загадената река Сена. Таа сакаше да докаже дека реката е доволно чиста за да биде домаќин на пливачките настани за време на Олимпијадата во 2024 година.

Облечена во костим за нуркање и очила, Идалго нурна во реката во близина на Градското собрание, нејзината канцеларија и катедралата Нотр Дам.

„Сена е одлична. Водата е многу, многу добра. Малку постудена, но не толку лоша“, рече Идалго од водата, пренесува Associated Press.

Олимпијадата ќе започне на 26 јули со раскошна церемонија на отворено, вклучително и парада на спортисти на бродови на Сена. Дневните тестови за квалитетот на водата на почетокот на јуни покажаа зголемени нивоа на E. coli, но следеа одредени подобрувања.

Брегот беше преполн со гледачи

Пливањето во Сена е забрането повеќе од еден век. Од 2015 година организаторите инвестирале 1,5 милијарди евра за да ја подготват Сена за Олимписките игри и парижаните да имаат почиста река по Игрите. Планот вклучуваше изградба на огромен подземен базен за складирање на вода во центарот на Париз, реновирање на канализационата инфраструктура и надградба на пречистителната станица за отпадни води.

Според првичниот план, Идалго требаше да плива во Сена во јуни, но тоа беше одложено поради предвремените парламентарни избори во Франција. Идалго денеска влегол во реката користејќи скала. За оваа пригода беа ангажирани седум безбедносни чамци.

Идалго исплива низводно околу 100 метри, комбинирајќи грбно и градно. Брегот беше преполн со љубопитни гледачи.

„Не би го пропуштила ова за ништо на светот“, вели Луси Кокеро, која се разбудила рано за да го има најдобриот поглед на Идалго од мостот Понт де Сали.

Политичарите веќе ветија дека ќе ја исчистат Сена. Жак Ширак, поранешниот француски претседател, даде слично ветување во 1988 година, кога беше градоначалник на Париз, но тоа не беше реализирано.

Дали некогаш ќе ја видиме Данела да плива во Вардар?

Вардар во скопско не смее да се користи ниту за капење, ниту за полевање. Податоците за загадувањето на реката во скопскиот регион, за изминатите три години покажувааат дека скоро сите примероци кои се испитувале биле физичко -хемиски неисправни, додека бактериолошки неисправни биле 100% од испитуваните мостри. Според мерењата на надлежните, најзагадено е во долното течение на реката, каде се слеваат и сите фекалии од скопската канализација што сè уште непрочистена се испушта во Вардар, пишува Радио Слободна Европа во мај, 2022 година.

Скопје е еден од ретките европски градови каде и во 21 век, водите од канализацијата непрочистени се испуштаат директно во Вардар. Допрва треба да почне изградбата на пречистителната станица за третман на отпадни води во Скопје, која беше најавувана како решение на овој проблем.

„Раководителката на проектната единица за пречистителната станица за отпадни води во Скопје од 200 милиони евра, еден месец била разрешена, а за тоа не знаела ни таа, ниту партнерите на проектот, двете европски банки и ЕУ. Од 200 милиони евра вредниот проект, 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија“, откри СДК.МК во мај, 2023 година.

Тендерската постапка за изградба на пречистителната станица за отпадни води веќе е завршена и беше избран најповолен изведувач, на којшто му следеше караница меѓу партијата ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначалничка Данела Арсовска за обиди за местење на тендерот при изборот на изведувач. Беше сменет и директор на ЈП „Водовод и канализација“ што беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по што оваа партија ја откажа и поддршката за скопската градоначалничка. Тендерот за изградба на скопската пречистителна станица беше отпочнат во летото 2020 година, а со одолговлекувањето на процедурите од страна на Градот Скопје, се одложува и почетокот на градежните работи на терен. Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше 2026 година. За да помисли да постане земја-членка на ЕУ, С.Македонија ќе мора да изгради пречистителни станици за отпадни води во сите поголеми населени места, пишува Мета.мк во септември, 2023 година.

Останува да видиме дали во мандатот на Данела Арсовска ќе протече чиста вода во Вардар и дали „мајката на главниот град“ ќе го следи примерот на нејзината француска колешка.

реклама

Зошто чајот од оригано се смета за најздравиот чај во светот?

Read more
Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Read more
За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

Read more
landscape-1464368425-landscape-1464288548-wine-theme-park-leadjpg.jpg

La Cité du Vin: Тематски парк за љубителите на вино

Read more

Македонија

СДСМ: Цените растат, а животниот стандард на граѓаните се влошува

Read more

Уставниот суд ја одби Левица и дозволи уменување улици по фашистички колаборатори

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Read more

Студено време со дожд и снег на планините

Read more
 

Вести

Мртов маж најден во возило на градски превоз во Велес

Читај повеќе

СДСМ: Цените растат, а животниот стандард на граѓаните се влошува

Читај повеќе

Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Viber

Читај повеќе

Ујгурските борци од Сирија најавуваат нов судир: Ќе ги избркаме кинеските неверници

Читај повеќе

Украински напади со беспилотни летала врз Русија и контранапад од страна на Москва

Читај повеќе

Уставниот суд ја одби Левица и дозволи уменување улици по фашистички колаборатори

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Читај повеќе

Црна Гора затвора три поглавја од преговорите со ЕУ, Хрватска блокира едно

Читај повеќе

Студено време со дожд и снег на планините

Читај повеќе