Кога детето за топки е непријателски расположено
Случката е од четвртокот од натпреварот во Амстердат во рамките на Лига Европа помеѓу Ајакс и Рома.
Се играше судиското надополнување, а гостинскиот играч Рикардо Калафјори одеше да ја земе топката за да изведе аут. Од првиот ред на трибината се појави момче задолжено за давање на топките кое буквално го фрли фудбалот кон лицето на играчот на „Римската волчица“ погодувајќи го во пределот на брадата.