Кога е најдобро време да земете цинк кога сте настинати?

Цинкот, како додаток на исхраната, ја покажа својата важност за време на пандемијата кога научниците открија дека многу хоспитализирани пациенти со коронавирус имаат недостаток на цинк во нивните тела.

Цинкот игра важна улога во функционирањето на имунолошкиот систем, а пастилите кои содржат цинк може да го скратат времетраењето на настинката.

Сезоната на настинки и грип е пред нас, па затоа е добро да знаете како цинкот може да ви помогне да ја поминете што е можно поуспешно. Цинкот е есенцијален минерал кој се наоѓа во сите клетки на телото, меѓу другото учествува во синтезата на деоксирибонуклеинската киселина и протеините и му помага на имунолошкиот систем во борбата против бактериите и вирусите.

Цинкот може да помогне и во процесот на заздравување кај луѓе со долготрајни рани или чиреви. Сепак, најголемата предност и придобивка од цинкот е тоа што може да го скрати времетраењето на настинките, што е добро да се знае бидејќи ни претстои уште една сезона на настинки и грип.

Исто така, доволна количина на цинк во телото е поврзана со побрзо заспивање и подобар квалитет на сон.

Препорачаната дневна доза на цинк варира од личност до личност, но на повеќето возрасни жени им требаат осум до 12 милиграми, а на повеќето возрасни мажи им требаат 11 милиграми цинк дневно.

Кога бараме цинк во храната, го наоѓаме во најголеми количини во месото, рибата и остригите. Во одредени количини го има и во растителни извори, како што се семките од тиква и леќа, додека го нема во изобилство во овошјето и зеленчукот. Може да се најде и во збогатените житарки кои најчесто се јадат за појадок.

Повеќето луѓе добиваат доволно цинк од храната што ја јадат и не им се потребни додатоци на цинк. Но, некои луѓе може да имаат корист од земање додатоци на цинк, особено овие групи:

  • луѓе со дигестивни нарушувања како што се целијачна болест, улцеративен колитис или Кронова болест
  • вегетаријанци и вегани (со оглед на тоа што растенијата се нивниот главен извор на протеини)
  • луѓе кои пијат премногу алкохол (алкохолните пијалоци ја намалуваат количината на цинк апсорбирана од телото)

Следниве знаци може да укажуваат на недостаток на цинк во телото:

  • губење на вкус и мирис
  • бавно зараснување на раните
  • проблеми со размислување, расудување и меморија

Некои луѓе може да имаат корист од земање пастили со цинк во рок од 24 часа од почетокот на симптомите на настинка (а потоа на секои два до три часа додека се будни до една недела), бидејќи тоа може да го скрати времетраењето на болеста.

Постојат различни видови на цинк, вклучувајќи цинк сулфат, цинк ацетат и цинк глуконат, но не е познато која форма е подобра од другите. Сепак, цинк ацетатот се покажа како најдобар специјално за настинки.

Кога е најдобро време да се земе додаток на цинк?

Во принцип, не постои одредено време од денот кога треба да се зема цинк. Ако забележите дека чувствувате гадење кога го земате на празен стомак, земете го со оброк.

На тој начин, можете да добиете дополнителни придобивки бидејќи цинкот најдобро се апсорбира кога се зема со протеини. Затоа, земањето цинк со високопротеински појадок може да биде одлична опција.

Колку често треба да земате цинк?

Зависи од човек до човек, најдобро е да се консултирате со лекар. Потребите може да варираат во зависност од моменталната состојба на вашето тело.

Ако земате мала доза на цинк, во форма на мултивитамин, безбедно е да го земате секој ден, особено ако не консумирате големи количини на цинк во вашата секојдневна исхрана.

Но, се препорачува да не се земаат големи дози на цинк подолго од две недели, освен ако лекарот не препише поинаку.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Здравје

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Read more

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Read more

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Read more

5 витамини за здрави заби и непца што треба да ги внесувате секој ден

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе