Кога е најдоброто време за секс: Дваесеттите, триесеттите години или?

Кога е најдоброто време за секс? Како го доживуваат луѓето сексот во дваесеттите години, а како во педесеттите години? Одговорите на ова прашање ги открива сексологот Трејси Кокс во новата книга „Добриот секс почнува во педесеттите“.

Според неа, за експериментирање идеални се дваесеттите години. Слободата и несигурноста се измешани кога некој е толку млад, односите често се прекинуваат и започнуваат нови. Сексуалниот нагон е многу силен.

Секс во тројка, секс со личност од ист пол, секс за една вечер, сето ова им паѓа на ум на луѓето во дваесеттите години. Но, тие се многу често несигурни бидејќи се фокусирани на изгледот, а не на задоволството.

„Не постои совршено тело. Ако сте добри во кревет, не значи само дека имате згодно тело туку и ентузијазам. Доколку по сексот не се чувствувате добро, тогаш сте спиеле со погрешна личност“, вели Кокс.

Кога се нешто повозрасни, односно во четвртата деценија, луѓето најчесто стапуваат во брак и тогаш настанува малку помирна фаза. Најмногу неверства се случуваат кај луѓето на овие години бидејќи не можат да замислат дека ќе спијат со истиот човек до крајот на животот.

Но, истовремено, луѓето се посигурни од претходно и подобро го познаваат своето тело. Иако некои жени имаат проблем со постигнување оргазам во текот на дваесеттите години, во триесеттите тоа не е проблем, бидејќи се поискусни и знаат точно да објаснат што сакаат од партнерот.

Четириесеттите години се пресвртни во сексуалниот живот. Концентрацијата е подобра, а физичкиот изглед е во втор план. Сексуалното либидо е силно, па и ситуацијата во кревет е добра.

Можеби е изненадување, но Кокс тврди дека сексот во педесеттите години е најдобар. Иако сексуалниот нагон почнува да опаѓа по менопауза, сексот може да биде одличен бидејќи жените се целосно опуштени.

„Децата се пораснати, кариерата ви е изградена, имате време да си посветите себеси. Сексот е тогаш побавен и поеротичен“, вели таа.

Што мислите вие, во кои години сексот е најдобар?

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Љубов и секс

Знаци дека сте во брак со токсична личност

Read more

OnlyFans ѕвезда споделува зошто младите од Ген Z немаат доволно секс

Read more

Иста плејлиста, подобра врска

Read more

Хороскопски двојки кои постојано се враќаат заедно, дури и кога не треба

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе