Кога е време да побарате помош од психотерапевт?

Кога ќе се спомне зборот „психотерапевт“ прва асоцијација за повеќето луѓе е дека се работи за големи проблеми.

Но, и навидум малите проблеми влијаат врз вашето душевно здравје и начинот на кој се соочувате со животот. Малите проблеми може да прераснат во големи ако немате механизам со кој се справувате со нив.

Барањето професионална помош не е знак на слабост, туку напротив, преземање контрола врз ситуацијата и подготвеност да се решат проблемите.

Ова се десет ситуации во кои треба да побарате помош од психотерапевт:

1. Кога не можете да најдете решение за моменталните животни околности во кои се наоѓате, чувтствувате дека немате доволно поддршка од другите и сакате со разговор да дојдете до решенија.

2. Кога чувствувате дека подолго време сте нерасположени и незадоволни од моменталните животни околности во кои се наоѓате.

3. Кога чувствувате бес, лутина или омраза и мислите дека никој не ве разбира.

4. Кога ве мачат проблеми што не можете да ги споделите со никого или проблеми за кои не може да разговарате со никого.

5. Кога чувствувате дека поради тие проблеми ви е сѐ потешко со тек на време и поради тоа сте под сѐ поголем стрес.

6. Кога не можете лесно да заспиете навечер, ве мачи несоница и се чувствувате исцрпено од многу размислување.

7. Кога чувствувате страв од иднината и сѐ што таа носи со себе.

8. Ако сметате дека не сте доволно сакани или немате добра комуникација со луѓето – членови на семејството, пријателите, партнерот.

9. Кога чувствувате дека ви недостига самодоверба, верба во себе или чувствувате несигурност.

10. Кога треба да донесете големи и важни одлуки – има многу вообичаени ситуации и околности во кои не сме сигурни дали правилно постапуваме и не знаеме каква одлука да донесеме. Советот од психотерапевт може да ви помогне да согледате што е најдобро за вас, бидејќи психотерапевтот е објективен набљудувач и ги гледа нештата пореално, па низ искрен разговор може да ве насочи кон решенија за кои не сте свесни или не ги гледате.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Здравје

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Read more

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Read more

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Read more

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе