Кога го градеше Microsoft „пееше друга песна“: Што го натера Бил Гејтс да го смени ставот?

Решавањето на климатските промени би било „најневеројатната работа што човештвото ја направило досега“, вели милијардерот и основач на Microsoft, Бил Гејтс.

За споредба, завршувањето на пандемијата е, во теорија, „многу, многу лесно“, тврди тој. Тој пишува за ова во својата последна книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, што е наедно и водич за борба против глобалното затоплување.

„Не ја потценувајте големината на предизвикот. Никогаш не сме направиле потфат како овој за кој зборуваме и кој треба да се направи во следните 30 години. Нема преседан за тоа. Светот секоја година во атмосферата додава 51 милијарда тони штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Нула е целта до која треба да дојдеме“, повикува Гејтс.

Милијардерот сака да зборува за тоа како технологијата може да ни помогне на тоа патување.

„Алтернативните извори на енергија како ветер и сонце може да ни помогнат во декарбонизирање на електричната енергија, но тоа е помалку од 30 проценти од вкупните емисии. Исто така, ќе мора да ги декарбонизираме и другите 70% од светската економија - челик, цемент, системи за транспорт, производство на ѓубрива и многу, многу повеќе. Едноставно, во моментов не постои начин да го сториме тоа за многу од овие сектори“.

Бран иновации

Одговорот, вели Гејтс, ќе мора да се случи во бран иновации што светот ги нема видено порано.

„Треба да започне со владите. Сегашниот економски систем не ги наплатува реалните трошоци за користење фосилни горива. Ако тоа го стореше, светската економија немаше воопшто да биде профитабилна. Повеќето играчи на пазарот не плаќаат ништо за штетата што ѝ ја прават на животната средина, од загадувањето од горива од автомобилите или јаглен или гас што обезбедуваат електрична енергија во нивните домови. Во моментов, економијата не ја препознава штетата што ја предизвикува со испуштањето јаглерод диоксид“, објаснува компјутерскиот магнат.

Затоа апелира дека владите мора да интервенираат.

„Треба да имаме сигнали за цени за да му покажеме на приватниот сектор дека сакаме зелени производи“, вели тој, додавајќи: „Ова ќе бара големи инвестиции од владите во истражување и развој, како и поддршка за да се овозможи раст на нови производи и технологии, помагајќи да се намали цената“.

Сепак, Гејтс беше познат по тоа што додека Microsoft градеше корпорација вредна милијарди долари, тврдеше дека регулативата ги гуши иновациите. Зошто сега „пее друга песна“? Тој одговара дека секогаш ја поддржувал „основната улога на владата во однос на инфраструктурата, законодавството, образованието и научните истражувања“.

Што се однесува до климатските прашања, тој смета дека ќе биде невозможно да се избегне катастрофа, особено за оние што живеат во близина на екваторот, без владите ширум светот да координираат сериозни напори за ова прашање.

„Би било крајно време Републиканската партија во Америка да ја препознае важноста за борба против климатските промени“, посочува Гејтс.

„Тоа мора да биде постојан 30-годишен напорр. Пазарот едноставно не може да ја промени целата таа физичка инфраструктура ако сигналите на пазарот не се постојани и многу јасни. Едноставно трошејќи помалку работи - помалку летови, локална храна, помалку електрична енергија и гас - нема да го реши проблемот. Индија ќе изгради домови за своите луѓе, ќе обезбедат осветлување навечер, климатизација за да можат да се одржуваат условите“, смета Гејтс, па глобалната побарувачка нема да се намали.

Политичката акција е поважна од кога било

Тој тврди дека политичката акција е поважна од кога било и дека народот треба да бара владата да ја направи вистинската работа и, користејќи го својот потрошувачки глас, истото да го инсистира на корпорациите.

„Ако купите електричен автомобил, хамбургер направен од замена за месо, електричен грејач за вашиот дом, помагате да се зголеми производството на овие производи и со тоа да се намалат цените.“

Основачот на Microsoft продолжува да ужива во придобивките што ги обезбедува животот на еден милијардер. Тој користи приватни авиони, но инсистира дека тие се напојуваат од биогорива произведени од растителни производи.

„Знаете, јас сега плаќам трипати повеќе за моето гориво, повеќе од 7 милиони долари годишно“.

Како се вклопува ова во неговата борба против климатските промени?

„Не мислам дека укинувањето на воздушниот сообраќај би имало смисла“, одговара тој.

„Ваквата техника на брутална сила нема да не однесе таму каде што сакаме. Одговорот мора да биде авионско гориво што не чини премногу и има нула емисии. Тоа би требало да бидат биогорива или електрични горива или можеби употреба на зелен водород за авионски погон.“

Гејтс верува дека сме во клучна точка во дебатата за климата. Тој верува дека младата генерација има правилно и неопходно морално убедување и дека мора да биде вклучена во правењето измени по ова прашање. „Треба да ја искористиме таа младешка енергија и да осигураме дека е насочена кон политики што ќе направат разлика“, тврди тој. Но, нема да биде лесно, предупредува тој. Настојувањето да се решат овие проблеми мора да стане врвен приоритет во годините што доаѓаат.

Тој се надева дека ќе имаме и малку среќа во развој на иновативна нова технологија што навистина може да ги реши проблемите во оваа област. Но, тој е оптимист дека сепак можеме да ги избегнеме најлошите ефекти од климатските промени.

„Знаете, го имам видено многу пати - иновацијата нè изненадува одново и одново на позитивен начин“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе