Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Александра Спасеска
/ 14.08.2020 / 11:26

#НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Преку социјалните мрежи, групата ја сподели веста за новата велосипедска патека што во јули беше отворена долж брегот на Средоземното Море во Турција, долга 25 километри, една од најдолгите во регионот.

Оваа патека е од големо значење за локалците, но и за туристите. Можете да се восхитувате на шумите од една и морето од друга страна. Патеката е  дел од намерите на Турција за промовирање на поздрав стил на живот и намалување на загадувањето од возилата. Државата планира да изгради 4.775 километри велосипедски патеки до 2023 година по повод 100-годишнината од постоењето на Република Турција, нагласуваат од #НаТочак.

Овие ленти и патеки на иницијатива на Турција ќе бидат интегрирани во ЕуроВело мрежата која се состои од 15 велосипедски рути на долги дистанци кои велосипедски го поврзуваат европскиот континент.

На ОВОЈ линк може да најдете интерактивна мапа со информации за сите рути.

#НаТочак потсетуваат дека две од нив, рута 11 и рута 13, е планирано да минуваат низ Македонија и нагласуваат дека „не ни треба иницијатива, треба само да ги спроведеме“.

Според планот на Турција, велосипедски патеки се планирани за урбана средина, но и за природа, меѓу населени места и во рамки на национални паркови. На пример, велосипедска патека се планира да ги поврзе Измир и Анталија, рута која ќе поврзе повеќе популарни резорти за одмор, но и повеќе историски локалитети.

Според правила и стандарди донесени во Турција во 2019 година, задолжителна е вклученоста на велосипедски патеки и велосипедски паркинг во урбанистичките планови. Исто така, велосипедските ленти се интегрираат со јавниот превоз.

Стандардите за првпат дефинираат и „велопати“ (велосипедски автопати), велосипедски мостови и тунели, значајна промена за држава во која во моментов велосипедистите се изложени на огромен ризик делејќи го просторот со автомобилите, објави групата, цитирајќи го текстот на турски Daily Sabah.

„Ваква промена сакаме да видиме и кај нас. За тоа ни треба Министерство за транспорт и врски со визија за 21-ви век. Ова Министерство е надлежно за сите стандарди за урбанистичко планирање, низ него минуваат сите урбанистички планови и инфраструктурни проекти.

Ова Министерство треба да донесе Правилник за велосипедска инфраструктура и како носител (во соработка со други министерства) Стратегија за развој на велосипедскиот сообраќај на ниво на државата.

Па секој Град да мора да ги носи урбанистичките планови во склад со Планови за одржлива мобилност и да мора да вклучуваат мрежа на велосипедски патеки во рамки на градот.

Па да видиме велосипедски поврзувања меѓу населени места и туристички дестинации...

Па да се спроведат Еуровело рутите по текот на Вардар и низ источна Македонија...

Да се шири железничката мрежа и да се интегрира со велосипедскиот сообраќај...“, апелираат од #НаТочак.

Во прилог, од групата ја споделуваат нивната Црвена линија бр 3. Меѓуградски велосипедски сообраќај и велосипедски туризам од 10-те #ЦрвениВелоЛинии испратени до сите политички партии уште во март.

реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

Искрени илустрации во кои ќе се препознае секоја девојка

Read more

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Read more

Живот

Како да го освоите мажот роден во знакот на Вага?

Read more

10 направи кои може да ја спасат планетата Земја

Read more

Емоционално интелигентните луѓе никогаш нема да ги кажат овие реченици

Read more

Одложен традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро

Read more

Магазин

  • filter

Десерт на денот: Чизкејк со јагоди

Читај повеќе

Зошто не треба да се смеете кога се сликате за пасош?

Читај повеќе

Оргазам од 1.8 милиони долари: Најскапата секс-играчка во светот

Читај повеќе

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Читај повеќе

Како да го освоите мажот роден во знакот на Вага?

Читај повеќе

Дома или надвор: Како местото на кое имате секс влијае на вашето расположение?

Читај повеќе

10 направи кои може да ја спасат планетата Земја

Читај повеќе

Дали сме на Марс? Бизарен дизајн за заштита од коронавирус

Читај повеќе

Предлог за ручек: Ќофте во сос од домати

Читај повеќе