Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Лука Модриќ (38) има само месец и половина од договорот со Реал, а клубот сè уште не му понудил продолжување.

Во исто време, клубови од Америка и Арабија се обидуваат да го примамат со раскошни понуди. Мадридски AS открива дека Модриќ одлучил каде сака да ја продолжи кариерата. Имено, и покрај тоа што на почетокот на следната сезона ќе наполни 39 години, пензија не му паѓа на памет.

„Што се однесува до Модриќ и Реал, играчот одлучи. Неговиот ‘сомнеж’ е ‘да или да’. 100 проценти сака да остане во Реал. Толку е посветен на клубот што прифаќа да биде резерва, а парите воопшто не му се важни. Толку е среќен во клубот и во Мадрид. Сега сè зависи од Реал.“

Хрватската легенда на Реал освои сè во Мадрид. Меѓу другото, пет европски, четири шпански титули и два Купа на кралот и Златната топка. Тој одигра 531 натпревар, постигна 39 и асистираше за 86 гола. Тој е обожуван од соиграчите и навивачите, а последниве години поради напредната возраст ги продолжуваше договорите само на една сезона.

Анчелоти откри кога ќе се знае дали чувствата се взаемни

Во тековната сезона тој е главно резерва, но со значаен придонес, како стартер, така и како доаѓа од клупата, во походот на Реал да ја освои Ла Лига и да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

Иако беше во стартниот тим само 22 натпревари, успеа да постигне 2 гола и да асистира за 8 од нив.

Карло Анчелоти не му даде ниту една минута на Модриќ во синоќешното прегазување на Алавес (5:0) во првенствениот натпревар, по што на новинарско прашање што ќе прави со двете легенди на кои им завршуваат договорите, објави важна вест.: „Модриќ и Крос? Клубот и играчите ќе зборуваат за својата иднина по финалето на Лигата на шампионите.“

Тој натпревар е на 1 јуни на Вембли каде Реал и Борусија Дортмунд ќе го решаваат европскиот шампион.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Фудбал

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Read more

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Read more

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Read more

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Read more
 

Спорт

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе