Кога ќе ти пукне филмот: Не го задевајте Бикот и сослушајте ги Лавовите

Секој хороскопски знак има свои „правила“ до кои се држи во соочувања и расправии, но најчесто сѐ паѓа во вода ако ви пукне филмот.

За секој од нив има и добра стратегија како да им пристапите кога се веќе изнервирани, па научете нешто пред да влезете „во ринг“.

Јарец

Кога се расправате со Јарец, најдоброто нешто што треба да направите е да се обидете да се држите до темата. Без оглед на тоа колку други мисли ви паѓаат на ум, одамна заборавени проблеми или нешто сосема ирелевантно, сето ова може апсолутно да го налути Јарецот. Мразат да трошат време во копање низ минатото и тоа само ги вознемирува понатаму.

Водолија

Паметно е да не потценувате што ќе направи Водолијата за да победи во расправијата. Ќе ги користи сите достапни аргументи. Ако мислите дека некој роден во знакот на Водолија заборавил нешто од минатото, се лажете! Ќе бидете изненадени колку долго може да се жали. Понекогаш е најдобро само да ги оставите да сфатат некои работи самостојно, наместо да ги соочувате со работи за кои мислите дека не се во ред. Бидете внимателни кога ќе влезете во конфликт.

Риби

Најдобро е да им се спротивставувате на Рибите со смирено однесување, во спротивно, колку погласни или подраматични станувате, толку повеќе ќе се лутат и нервираат. Во никој случај не е добра идеја да им се потсмевате на Рибите, бидејќи тоа е хороскопски знак кој особено ќе се погрижи да ве повреди на секој можен начин откако ќе го напуштите нивното друштво. Тие подобро реагираат ако сте конструктивни и ако се изразите на стабилен начин, во спротивно ќе разберете што значи да го навлечете нивниот гнев, на повеќе начини.

Овен

Овенот од дното на душата мрази кога луѓето се однесуваат кон него на пасивно-агресивен начин. Ништо не ги тера да сакаат да си излезат од кожата како кога другиот не го кажува она што навистина го мисли. Најдобриот начин да се справите со Овните е да го кажувате она што го мислите и да го мислите она што го зборувате. Тие намерно ќе реагираат на необични начини за да бидат сигурни дека точно знаете како се чувствуваат и што планираат да направат во врска со тоа.

Бик

Едно е сигурно, кога сте соочени со Бик кој веќе е под стрес, очекувајте да настрадате од неговите рогови ако не бидете внимателни. Бикот е отворен за комуникација и ќе направи сѐ што може за да се осигура дека работите се решени и дека навистина е постигнат мир. Ако мора да се бори, ситуацијата ќе стане гадна за миг. Пристапете им знаејќи за што сакате да зборувате, за да не ги вознемирувате непотребно и да не им го трошите времето.

Близнаци

Близнаците не можат да издржат кога луѓето мислат дека знаат сè за нив. Го мразат тоа, затоа што тогаш се чувствуваат како да ги исмевате или не ги сфаќате доволно сериозно. Оставете ги да зборуваат сами, обидете се да разберете што зборуваат и што се обидуваат да направат или да кажат, во спротивно само ќе го влошите проблемот.

Рак

Секогаш кога ќе се соочувате со некој Рак поради нешто што ве вознемирило, најдобро е да го направите насамо со него. Ако се соочите со него пред некој друг, нема да ве слуша што зборувате - ниту вас, ниту некој друг. Мора да е личен конфликт, во спротивно нема да постигнете ништо. Бидете искрени со себе и со него, само тогаш тие ќе почнат да слушаат.

Лав

Кога се обидувате да се соочите со Лав, најдобро е да го оставите прво да ги каже своите аргументи. Ова не мора да значи дека треба да си дозволите да ве газат, повеќе се работи за чувството дека не се принудени да бидат потчинети. Многу се лутат ако некој се однесува кон нив со попустливо или заштитничко однесување. Дозволете им да се изразат, а откако ќе го истурат својот гнев, а потоа смирено објаснете ја својата страна на приказната.

Девица

Најважното нешто што треба да се избегнува кога се расправате со Девица е да не ги прекинувате. Ако постојано ги прекинувате за време на расправија, би можеле да завршите во ситуација кога во животот никогаш нема да имате можност да им кажете ниту еден збор.

Вага

Кога се соочувате со Вага, обидете се да разговарате со нормален тон. Ако станете прегласни, Вагата нема да ви покаже милост. Нема да ја разгледа вашата страна на приказната ако само ѝ се развикате. Ако продолжите да викате, Вагите дефинитивно ќе ви возвратат.

Скорпија

Секогаш кога ќе се најдете во ситуација да се расправате со Скорпија, подобро ви е да знаете како да се одбраните и подобро ви е да знаете како да го направите тоа добро. Скорпијата нема да прифати никакви изговори за време на расправија, тоа само ќе ја налути, особено ако се обидете да се оправдате за време на расправија. Наместо тоа, кажете што имате да кажете, наместо вашите чувства да вријат врз нејзините.

Стрелец

Кога се соочувате со Стрелец, најдобро е да не му пристапувате како да не знае за што зборува. Едно е да мислите дека тој нема поим, но друго е кога ќе го кажете тоа отворено. Тие апсолутно презираат кога луѓето се однесуваат кон нив на таков начин. Само не заборавајте која е вистината и тоа вистинската вистина, во спротивно најверојатно ќе зацапате во уште полош конфликт.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе