Кога кучето мавта со опашката не значи дека е среќно што ве гледа

Малку работи се поубави од моментот кога ќе се вратите дома и кучето ќе ве пречека мавтајќи со опашката, но експертите за однесувањето на животните сакаат да знаете дека мавтањето со опашката не значи секогаш дека кучето е среќно што ве гледа.

Кучињата изразуваат емоции со опашките, објаснува експертот за однесувањето на кучињата Катја Краус за германската новинска агенција  Deutsche Presse-Agentur.

Но, додека ние луѓето сметаме дека тоа значи среќа - тоа е всушност само знак на возбуда кај животното, вели таа.

Ако сакате точно да одредите што се случува, обрнете внимание на висината на опашката и колку брзо се движи - ова исто така ќе ви открие дали кучето е среќно, исплашено или агресивно.

Речиси е правило дека чувството на напнатост е поврзано со интензитетот на мавтањето на опашката - колку побавни и понежни движења на опашката, толку помалку напнатост чувствува кучето.

Работите се различни ако опашката се движи побрзо и не мавта во широк опсег. Затегната опашка што стои исправено и прави мали движења значи конфликт, а истата порака ја испраќа и исправена опашка што престанува да се движи.

Среќните кучиња обично мавтаат со опашката високо подигната и речиси во кругови, вели Краус. Но, понекогаш дури и среќното куче може брзо и остро да мавта со опашката.

За да го разликувате расположението на кучето, треба да ја набљудувате опашката во различни ситуации, на пример, кога знаете дека кучето се чувствува загрозено од доаѓањето на друго куче.

Исто така, помага кога ќе се земат предвид карактерот на кучето, неговата анатомија и останатите пораки што ги праќа со говорот на телото.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Чек дис аут

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе