кон стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова

Кога Лидија на Зоки Поки би пораснала и би станала поетеса

Пишува: Јулијана Величковска, писателка, преведувачка и уредничка

Од промоцијата на „Омарнина што омалаксува“ на Марија Велинова (Фото: Андријана Антова)

Замислете си ја Лидија на Зоки Поки. Само порасната. Со ѕвонести фармерки. Со кратка маичка со голо стомаче. Со долга руса коса во кики. Стои со скрстени раце. Џвака мастика. Пука големи балони од мастиката. Ве гледа право в очи и на вашите прашања... одговара со прашања! Така го визуализирам ликот на лирското „јас“ на Марија Велинова од стихозбирката „Омарнина што омалаксува“. Тоа е, се чини, истата онаа Лидија што на чичкото што ги искара нејзе и Зоки дека чкртаат по зградата му рече дека таа ќе ги избрише цртежите. А на прашањето кога, луцидно одговори: „Па, се разбира, чичко, кога ќе пораснам.“

„Омарнина што омалаксува“ е збирка што во основата носи толкувања и е инспирирана од дуализмот на Рене Декарт. Збирка што, невообичаено за олку млад автор, содржи пред сѐ филозофска поезија, но сепак лирска во изразот. Збирка што содржи референци од митовите, од библијата, од фолклорот, збирка што се надоврзува на традицијата, на пеењето на Ацо Шопов, поезија што го содржи кодот на македонската песна, таква што е и игрива, и младешка, и љубовна, но слоевита, длабока, проиниклива и медитативна.

Во циклусот res extensa, оној што според Декарт се однесува на телесното, на она што зафаќа простор, што се издолжува, од елементите доминираат огнот и земјата, во циклусот за духовното res cogitans, пак, доминираат водата и воздухот. Соодветно, и песните во првиот циклус се брзи, стихијни, пламнати и игриви, но на некој својствено на огнот опасен начин. Огнот во овие песни е како некакво оружје што ги гори сите слоеви лаги и го соголува материјалното до суштината и вистината...

Велинова си игра и со јазикот, но и со мислите... итрата порасната Лидија од Зоки Поки, таква што на прашањата одговара со прашања, на тој начин ни предочува и ни посочува. Прави да се думаш, да се препотуваш, да се преиспитуваш, да се чудиш како до сега не си го видел очигледното и ти ги поместува границите на размислувањето и на светогледот... Ова се стихови што провоцираат, што пецкаат, што жарат како коприва, предизвикувајќи ги читателите да се замислат и да си ги преиспитаат сите лични вистини. Ова е книга што ја пресекува земјата долж и попреку, книга во сите бои на виножитото, книга во која дури и камењата крвават... Книга во која во фокус е вечното движење, промените, непостојаноста, минливоста и менливоста... Ова е книга на бои. Во првиот циклус се среќава многу црвена, бордо, сина, виолетова... сосем малку зелена (шуми и алги)... а многу бела и светлосина (ветрецот, облаците, реките, морето...) е „заднината“ на песните од циклусот за духовното, каде што темпото се смирува, се сталожува, се стишува како длабока вода.

Овие два циклуса се врамени меѓу песната preludium ‒ „ѕвезда проколната на вечност“, што се однесува на гревот на братоубиството, и уште оттука Велинова го најавува тоа што следува во збирката, велејќи: „сети се на клетвата каинова: / да талка вечно / и мир да не наоѓа. / да талка / на земјата, / на небото, / во огнот, / во водата, / да бара дух / и дух да не може да најде.“, и песната postlude ‒ „патување кон исток“, со која поентира: „па и клетвата / и ѕвездата / и зракот / тргнале кон исток. / сакале ко верници / да влезат во храмот / на излегување да се поклонат / сами од себе да се избават / своите сетила да ги продуховат.“

„Омарнина што омалаксува“ е збирка што ќе ве држи во таа необична состојба на умот, во таа игра помеѓу огнот и водата, кога не се поништуваат еден со друг, кога огнот не прави водата да испари, ниту, пак, таа го гасне огнот. Тие се во заемна игра, во некој танц на преобразба, на вечен премин, токму онака како што се телесното и духовното, оти, „само со помош на телото душата може да се вивне до возвишено набљудување.“

Ова е збирка што содржи песни што се лесни, игриви, што можете да си ги „испиете“ набрзинка со утринското кафе, но има и такви што долго ќе ве прогонуваат, на кои со денови ќе им се навраќате, обидувајќи се да го најдете во себе одговорот на бројните прашања во нив. Има едно такво што знам дека уште долго во умов ќе ми одѕвонува – од кога ние сме нешто друго, освен земја изложена на суша?

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе