Сопственикот на една мачка се изненадил кога го оставил телефонот отклучен во кујна, а потоа видел селфи фотографии од неговото домашно милениче.
Кевин Раснак на Twitter сподели фотографии од неговата мачка Доби, случајно направени кога мачето минало преку телефонот.
„Што се случува кога ќе оставите отклучен телефон во кујна“, напиша Раснак покрај фотографиите кои одушевија илјадници љубители на мачки. „Вашата мачка ќе застане на него и ќе прави селфи“, додаде тој.