Кога на Клоп ќе му „пукне филмот“ со новинарите

Јирген Клоп третпат во пет дена не го крие гневот поради набиениот распоред, повредите на бројни играчи, коронавирусот и сега и слабиот резултат, а таа фрустрација ја исфрла на медиумите.

Но, по натпреварот против Брајтон (1:1), Клоп, кој инаку важи за миленик на новинарите, си најде достоен противник.

Дес Кели, главниот известувач на BT Sport, која е најомразената телевизиска куќа на Клоп заедно со Sky, не сакаше да слуша уште една тирада на менаџерот на Ливерпул и обвинувањата што тој веќе не ги упатува ни кон корпорациите, туку лично против новинарите.

Вака се одвиваше разговорот помеѓу Кели и Клоп пред камерите:

Кели: Милнер се повреди?

Клоп: Да, да, тетивите на коленото... Честитки!

Кели: Се надевам дека ова не е нешто лично против мене?

Клоп: Не, не, но какво изненадување. И Брајтон има играч со иста повреда. Прашајте го Крис Вајлдер (менаџерот на Шефилд Јунајтед) како да ги вратиме играчите?

Кели: Можеби пукате во погрешна цел. Ние како телевизиски куќи работиме на натпревари од Премиер лигата, која сама ги поставува правилата. Вие сте клубови од Премиер лигата и можете да се обратите до раководството на лигата?

Клоп, кревајќи го тонот и прстот кон новинарот: „Избравте да го започнете натпреварот во 12:30 часот! Вие! Не вие ​​лично, туку вие.“

Кели: Но, тоа е термин поставен од Лигата...

Клоп: Но, ова се тешки времиња ....

Кели: Знам дека времињата се тешки, затоа сме на празен стадион! Зошто Вие и Вашиот директор не одите со челниците на другите клубови кај оние кај кои треба да одите со таа забелешка? Вашите напади врз телевизиските куќи нема да променат ништо за Вас. Па нѐ нарекувате криминалци!

Клоп: Не ги напаѓам ТВ-куќите, само кажувам како е. Тогаш, зошто нѐ одбравте нас да играме во 12:30, а не Кристал Палас?

Кели: Не избрав ништо, секој термин го избира Премиер лигата.

Клоп: Вие секогаш велите дека за тоа сме се договориле претходно.

Кели: Ако го кажувате сето ова во корист на играчите, зошто вие како менаџери на екипите не се согласувате за пет замени играчи наместо за три?

Клоп: Затоа што не можевме да добиеме доволно гласови. Крис Вајлдер вели дека сум себичен, но мислам дека тој е себичниот. Сега има три замени и еден бод.

Кели: Се согласувам со Вас, но ги напаѓате ТВ-куќите и велите дека сме криминалци.

Клоп: Јас ги напаѓам само околу играњето во среда и во викенд во 12:30 часот. Проблем е што договорот за ТВ-права беше потпишан пред оваа сезона, која во секој поглед е најлоша и најтешка.

Кели: Проблемот е што со ваквите изјави не менувате ништо. Можете да смените нешто онака како што предмалку ви кажав. Но, вака би можеле до бескрај. Ви благодарам, Јирген, и збогум!

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе