Кога заразените со коронавирус најмногу ја шират инфекцијата?

Најнова британска студија покажа кога луѓето заразени со новиот коронавирус се најмногу заразни, а резултатот само ја нагласува потребата од итна самоизолација веднаш штом се забележат какви било симптоми на болеста COVID-19, уште пред да се тестирате.

Со цел да добијат повеќе сознанија за тоа кога луѓето заразени со новиот коронавирус се најмногу заразни, тим научници спроведоа студија неодамна објавена во научното списание The Lancet Microbe.

Научниците Муге Чевик и Антониа Хо за The Conversation опишуваат како нивниот тим ја спровел студијата и што проучиле за да најдат одговор на прашањето кога некое лице е најзаразно откако се заболело од COVID-19.

Испитувале три работи: вирусно оптоварување, слабеење на вирусот и изолација на жив вирус (за да видат дали така изземениот вирус сè уште може да се реплицира во лабораториски услови).

Откриле дека вирусното оптоварување достигнува кулминација во грлото и носот многу рано во развојот на болеста, поточно од првиот до петтиот ден по појавата на симптомите, дури и кај луѓе со лесни симптоми.

Нивниот тим исто така открил дека вирусен генетски материјал може да се открие во примерок од грло или столица и неколку недели по појавата на првите симптоми. Но, не е пронајден жив вирус во примероците земени девет или повеќе дена по појавувањето на првите симптоми.

Резултатите сугерираат дека луѓето заразени со вирусот SARS-CoV-2 се најмногу заразни од неколку дена пред појавата на симптомите до пет дена по појавата на симптомите, истакнуваат истражувачите.

За споредба, вирусното оптоварување на SARS достигнува кулминација 10 до 14 дена, а на MERS 7 до 10 дена по појавата на симптомите. Ова исто така објаснува зошто ширењето на овие вируси може ефикасно да се намали веднаш со брзо откривање и изолирање на заразените лица, додека со новиот коронавирус случајот е обратен бидејќи се шири многу брзо во најраната фаза на болеста.

Студиите што ги разгледале контактите на заразените лица покажале дека пренесувањето било најголемо во првите пет дена по појавата на првите симптоми. Една таква студија неодамна беше спроведена од британски и тајвански научници и покажа дека повеќето контакти се заразуваат во контакт со заразено лице во рок од пет дена од појавувањето на првите симптоми на болеста кај таа личност.

Додека повеќето луѓе ги добијат своите први резултати од тестот, тие можеби веќе ја поминале нивната заразна фаза. Ова всушност значи дека лицето кое ги чувствува симптомите на болеста треба веднаш да оди во самоизолација и да не чека само резултати од тестирање за да се самоизолира.

реклама

Google блокираше 164 опасни апликации: Веднаш избришете ги од телефонот

Read more

Запознајте го Гонсало Салгадо, телохранителот на Кристијано Роналдо

Read more

Британски специјалци тренираат за напад од вонземјани

Read more

Погледнете како руска олимписка шампионка го одбележа Водици

Read more

Здравје

Зошто секое утро треба да пиете маслиново масло?

Read more

Циметот е здрав, но не се препорачува за секого

Read more

Белите дробови кај луѓето кои прележале корона изгледаат полошо отколку кај пушачите

Read more

Работата од дома ве „убива“? Вратете се во живот со овие добри навики

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Погледнете како руска олимписка шампионка го одбележа Водици

Читај повеќе
  • play_arrow

Запознајте го Гонсало Салгадо, телохранителот на Кристијано Роналдо

Читај повеќе

Британски специјалци тренираат за напад од вонземјани

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилска убавица: Изабел Гулар

Читај повеќе
  • filter

Идеја за десерт: Лава колач

Читај повеќе
  • play_arrow

Научете како да играте шах за помалку од 10 минути

Читај повеќе

Зошто секое утро треба да пиете маслиново масло?

Читај повеќе
  • play_arrow

8-минутни вежби за истегнување за луѓе кои имаат седечка работа

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да држите диети?

Читај повеќе