Љубов и секс

Кога жените имаат најсилен сексуален нагон?

23. февруари 2020 - 17:18 | А.С.

Дали некогаш сте се прашале како стареењето се одразува на вашето либидо, односно сексуалната желба? Колку долго ќе биде висока желбата за сексуална интимност и кога тој нагон ќе биде најизразен? Научниците имаат одговори.

Се чини дека во сево ова најголемата улога не ја игра ни партнерот, ни љубовниот статус на жената, туку биолошкиот часовник и неговото отчукување. Во 30-тите и раните 40-ти години жените најчесто откриваат нова страна на својата сексуалност и омилена активност им станува токму забавата во кревет.

Стручњаците оваа појава ја објаснуваат со отчукувањето на биолошкиот часовник и желбата да се „искористат преостанатите години за создавање потомство“.

Во студијата објавена во списанието Personality and Individual Differences учествуваа 827 жени поделени во три групи: висока плодност (18 до 26 години), ниска плодност (27-45) и менопауза (46 години и нагоре).

Врз основа на одговорите на учесничките, научниците откриле дека женита на возраст од 27 до 45 години имаат „засилен сексуален нагон како одговор на намалувањето на плодноста“ и дека имаат „чести сексуални фантазии и активен сексуален живот, па се подготвени и за секс без обврски“.

Коментирај