Софтвер

Кои апликации најмногу ви го трошат смартфонот?

11. август 2017 - 11:12 | А.С.

Ако користите Android смартфон од која било генерација, погледнете ја оваа листа со резултатите од најновите истражувања на компанијата Avast.

Според објавените резултати, Facebook, WhatsApp, Line, Netflix и Google Maps се меѓу најголемите трошачи на ресурсите на телефонот, на податоците и на енергијата на батеријата, а најкритични апликации на своите уреди има Samsung (за среќа повеќето од нив не мора задолжително да ги имате во телефонот и можеби и треба да ги избришете).

Avast во текот на јануари, февруари и март годинава испита над 3 милиони Android телефони што користеле апликации со минимум 50.000 инсталирања преку официјалната продавница Google Play Store.

Оваа компанија советува да се пристапува на Facebook и Messenger преку интернет прелистувачите на телефонот за да се спречи трошење на батеријата во позадина и неконтролираното трошење на податоци што Facebook и Messenger постојано си ги разменуваат и кога корисникот не ги користи.

За некои апликации може да ги исклучите нотификациите бидејќи и тие се на листата големи поединечни потрошувачи, па во случајот на погоре спомнатите апликации, ако не ви се неопходни и ако не ви зависи работата од нив, слободно исклучете ги нотификациите што секако ќе ги видите кога ќе ја отворите апликацијата за користење.

Апликации што трошат најмногу енергија по вклучување на телефонот:

1. Samsung AllShare

2. Samsung Security Policy Updates

3. Beaming Service for Samsung

4. ChatON Voice & Video Chat

5. Google Maps

6. WhatsApp Messenger

7. Facebook

8. WeChat

9. AppLock 

10. DU Battery Saver.

Апликации што трошат најмногу енергија (што ги инсталираат самите корисници)

1. Samsung WatchON

2. Samsung Video Editor

3. Netflix

4. Spotify Music

5. Snapchat

6. Clean Master

7. LINE: Free Calls & Messages

8. Microsoft Outlook

9. BBC News 

10. ES File Explorer File Manager.

Апликации што најмногу го оптеретуваат оперативниот систем по вклучување на телефонот

1. Samsung AllShare

2. ChatON Voice & Video Chat

3. Samsung Push Service

4. Google TalkBack

5. Google Play Music

6. Google Maps

7. Google Play Newsstand

8. Google Plus

9. ChatON 

10. Google Hangouts.

Апликации што најмногу го оптеретуваат оперативниот систем (што ги инсталираат самите корисници)

1. Samsung WatchON

2. Google Docs

3. Samsung Media Hub

4. SHAREit

5. Samsung Video Editor

6. Flipboard

7. Google Text-to-Speech

8. Clean Master

9. LINE: Free Calls & Messages 

10. Adobe Acrobat Reader.

Апликации што зафаќаат најмногу меморија по вклучување на телефонот:

1. Facebook

2. Instagram

3. Amazon Kindle

4. Facebook Messenger

5. CosmoSia

6. Google Quick Search Box

7. Google Maps

8. Google Chrome

9. Firefox Browser fast & private 

10. Tango – Free Video Call & Chat.

Апликации што зафаќаат најмногу меморија (што ги инсталираат самите корисници)

1. Spotify Music

2. Snapchat

3. LINE: Free Calls & Messages

4. Samsung Video Editor

5. SoundCloud – Music & Audio

6. PicsArt Photo Studio & Collage

7. Amazon Shopping

8. BBC News

9. Clean Master 

10. Photo Grid.

Апликации што трошат најмногу мрежни податоци по вклучување на телефонот

1. Facebook

2. Instagram

3. Yahoo!

4. Firefox Browser fast & private

5. The Weather Channel

6. WhatsApp Messenger

7. Google Chrome

8. DU Battery Saver

9. Facebook Lite 

10. Google Play Home.

Апликации што трошат најмногу мрежни податоци (што ги инсталираат самите корисници)

1. Netflix

2. Spotify Music

3. Snapchat

4. BBC News

5. LINE: Free Calls & Messages

6. Microsoft Outlook

7. Clean Master

8. Samsung WatchON

9. Amazon for Tablets 

10. PicsArt Photo Studio & Collage.

Коментирај