Листата на 5-те најпопуларни автомобили на европскиот пазар за 2016 година, не се промени во однос на 2015 година, а единствено е различен нивниот редослед на листата. Она што може да се види од неа е и дека не-европските модели многу тешко се пробиваат меѓу најпродаваните 20 автомобили.
На стариот континент со години, најбарано возило е Volkswagen Golf. Иако има мал пад на продажбата, Golf со 492.952 испорачани модели е далеку пред второпласираниот модел.
На второто место е Renault Clio, кој има 315.115 продадени автомобили, додека на третото место е Volkswagen Polo со 308.561 испорачани примероци. Ford Fiesta, ја загуби втората позиција и со 300.528 примероци се наоѓа на 4-тото место.
Opel Corsa ја комплетира листата на Топ 5 најпродавани автомобили во Европа за 2016 година.
Голем раст забележа Astra, што и донесе скок од 13-тата на 6 позиција на листата, а тоа е пред се благодарение на новата генерација која се појави на пазарот.
Nissan Qashqai со 234.340 испорачани примероци остана единствениот не-европски модел кој се пласираше меѓу првите 10 најбарани модели.
Меѓу првите 20 е само уште еден јапонски автомобил - Toyota Yaris.
Од премиум моделите, најдобро позициониран автомобил е Audi A3, кој со 190.660 продадени возила е на 16-тото место.
Погледнете ја комплетната листа на најпродавани модели во Европа за 2016 година:
1. VW Golf - 492.952 продадени возила
2. Renault Clio - 315.115 продадени возила
3. VW Polo - 308.561 продадени возила
4. Ford Fiesta - 300.528 продадени возила
5. Opel Corsa - 264.844 продадени возила
6. Opel Astra - 253.483 продадени возила
7. Peugeot 208 - 249.047 продадени возила
8. Nissan Qashqai - 234.340 продадени возила
9. Škoda Octavia - 230.255 продадени возила
10. Renault Captur - 217.105 продадени возила
11. Ford Focus - 214.435 продадени возила
12. VW Passat - 208.575 продадени возила
13. Peugeot 308 - 195.653 продадени возила
14. Toyota Yaris - 193.969 продадени возила
15. FIAT Panda - 191.617 продадени возила
16. Audi A3 - 190.660 продадени возила
17. FIAT 500 - 183.730 продадени возила
18. VW Tiguan - 180.198 продадени возила
19. Škoda Fabia - 177.301 продадени возила
20. Mercedes C-Class - 176.551 продадени возила