Кои бугарски партии се „за“ прифаќање на францускиот предлог?

Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, ѝ дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови.

– Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Северна Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија.

Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.

ДПС и ГЕРБ во одвоени соопштенија го нагласуваат стратешкиот интерес на Бугарија за проширување на ЕУ кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија и Албанија. Претсдеателот на Демократска Бугарија Христо Иванов, чиј предлог денеска беше одобрен од Народното собрание, рече дека најсилниот притисок не бил врз Северна Македонија, туку врз процесот на интеграција. Тој рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ. Ако не ги исполни условите од преговорите и не го смени својот Устав, Република Северна Македонија нема да започне преговори за интеграција во ЕУ.

Тој ја критикуваше ГЕРБ и ги праша дали е толку важно да се гласа за недоверба на Владата оваа недела кога се одржаа двата состанока ЕУ-Западен Балкан и Советот на ЕУ. Рече дека БСП се воздржува од гласање зашто им треба повеќе време, широка дебата, стабилна политичка атмосфера и да се види дали Бугарија ќе добие подобар предлог за следното претседателство со ЕУ во наредните месеци.

Тошко Јорданов од партијата на Слави Трифонов се изјасни против одлуката и денешниот ден го оцени како срам за Бугарија и ги нарече предавници оние кои го поддржаа. Против беше и најмалата пратеничка група на „Преродба“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе