Кои чаеви го подобруваат метаболизмот по 40-тата година?

А.С.
/ 30.10.2024 / 08:55

Чајот може да биде одличен сојузник во борбата против салото на стомакот, особено за луѓето над 40 години кои сакаат природно да го зајакнат метаболизмот.

Одредени чаеви, богати со антиоксиданси и соединенија кои го поттикнуваат метаболизмот, му помагаат на телото поефикасно да ги согорува мастите и го поддржува варењето.

Пиењето на овие чаеви во вечерните часови не само што релаксира, туку може да помогне во намалувањето на тврдоглавите масти на стомакот со поддршка на здрав метаболизам. Диететичарот и нутриционист Кетрин Жервасио и гастроентерологот д-р Мадатупалајам Маханкумар открија четири чаеви кои помагаат да се постигнат овие цели.

Улонг чај

Богат со антиоксиданси и кофеин, улонг чајот помага во зголемување на потрошувачката на енергија, ја подобрува оксидацијата на мастите и целокупното согорување на калории.

„Овој чај ја зголемува стапката на метаболизмот и го забрзува губењето маснотии. Доколку се консумира секојдневно, може дополнително да го подобри метаболизмот, што може да предизвика согорување на маснотии дури и додека спиеме“, вели гастроентерологот д-р Мадханкумар за SheFinds.

Чај од ѓумбир

Познат по своите антивоспалителни и дигестивни својства, ѓумбирот содржи соединенија како гинџерол и шогаол кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат во согорувањето на мастите.

„Ѓумбирот има антиинфламаторни својства и може да го подобри варењето. Исто така малку го зголемува производството на топлина во телото, помагајќи ви да согорите повеќе калории. Чајот од ѓумбир е исто така добар за смирување на желудникот и поттикнување на телото поефикасно да ги согорува мастите на стомакот“, вели Жервасио.

Чај од камилица

Иако камилицата е позната по своето смирувачко дејство, таа може да биде одличен напиток за контрола на тежината и метаболичко здравје. Камилицата промовира релаксација и подобар квалитет на сон, што е од суштинско значење за здрав метаболизам и ефикасно согорување на мастите.

„Иако овој чај директно не согорува масти, тој ви помага да се опуштите и подобро да спиете, што е важно. Недостатокот на сон ги нарушува хормоните и може да го забави вашиот метаболизам. Камилицата помага во одржување на вашиот метаболизам и ги намалува мастите во стомакот поврзани со квалитетот на сонот и стресот“, објаснува Жервасио.

Зелен чај

Збогатен со моќни антиоксиданси, како што се катехините, зелениот чај ја поддржува оксидацијата на мастите и му помага на телото поефикасно да согорува калории.

„Зелениот чај е веќе познат по тоа што го поттикнува метаболизмот. Содржи соединение EGCG, кое му помага на телото поефикасно да ги согорува мастите. Покрај тоа, кофеинот во зелениот чај може малку да ја зголеми телесната температура, што доведува до повеќе согорени калории - дури и додека сте мирно“, заклучи Жервасио.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Фит

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Read more

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more
Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе