Уживањето во сонцето и пливањето може да го расипат медузите. Доколку се случи таа да ве допре, што ќе предизвика печење, треба да ги имате на ум овие неколку чекори.

Отровот од медуза кај луѓето предизвикува болка слична на изгореница, црвенило или плускавци на кожата, осип и оток. Доколку не се лекува, ефектот може да се спореди со изгореница, од која со месеци останува видлива промена на пигментацијата, па дури и лузна.
Треба да излезете од морето што е можно поскоро и да ја измиете изгореницата со морска вода или со солен раствор. Никогаш не треба да го плакнете со свежа вода, бидејќи тоа ќе ја влоши состојбата.
Ако имате при рака коцки мраз, завиткајте ги во крпа или пешкир и држете ги на изгореницата околу 15 минути за да го намалите отокот. Имајте на ум дека не треба да ја триете кожата со крпата или пешкирот.
Продолжете со нанесување ладни облоги во текот на остатокот од денот и заштитете ги изгорениците од сонце. На болното место нанесете крем кој содржи антихистамин или аналгетик. Ако немате крем, можете да користите и алкохолен оцет.
Отровот на некои видови медузи може да предизвика тешкотии со дишењето, повраќање или дури и губење на свеста. Дејството на отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri - вид медуза) е особено опасно, бидејќи може да предизвика човечка смрт.