Кои држави имаат химна без текст и зошто?

За секоја држава химната е поеднакво важна како и знамето. Иако химните не ги среќаваме често и голем дел од луѓето не ги препознаваат туѓите химни, тие се одраз на национална гордост и идентитет. Како такви се свират во свечени прилики кога треба да ѝ се оддаде посебна чест на државата.

Сигурни сме дека повеќето граѓани на памет ја знаат македонската химна, или барем главните строфи, како и тоа дека химната ни се вика „Денес над Македонија“.

Дали сте знаеле дека една од државите во нашето соседство, една наша блиска екс-ју република, нема ниту еден стих. Станува збор за химната на Босна и Херцеговина. Таа е една од ретките европски химни кои официјално немаат текст.

Додека некои државни химни настанале со спојување на различни песни, а други претрпеле цензура, три држави одлучиле дека најдобро е доколку нивната химна воопшто нема текст.

Во Европа постојат три такви држави.

Босна и Херцеговина

Државната химна на Босна и Херцеговина се вика „Intermezzo“ и била прифатена за химна во 1998 година. Ја компонирал Душан Шестиќ од Бања Лука, а доколку тој не ви е познат тогаш можеби се сеќавате (особено љубителите на Евровизија) на неговата ќерка Марија Шестиќ која во 2007 ја претставуваше оваа земја на Евровизија во Хелсинки со песната „Rijeka bez imena“.

Со оглед на тоа што во Босна и Херцеговина живеат Босанци, Срби и Хрвати, потребна била песна која би ги опфатила сите нив. Така, „Intermezzo“ била прифатена како заедничка композиција, а ветер в грб на таа одлука ѝ дал тогашниот висок претставник во БиХ, Карлос Вестендорп.

Remote video URL

Во неколку наврати имало иницијативи на химната да ѝ се додаде текст, но не се нашол јунак кој ќе напише текст кој ќе им годи на трите главни народи на оваа земја, па нашите поранешни југословенски сограѓани денес имаат инструментална химна.

Шпанија

Шпанската државна химна се вика „Marcha Real“ (Кралски марш). Станува збор за композиција која во XVIII век служела за почесен марш. Се изведувала на церемонијални настани во присуство на кралското семејство, па се смета за една од најстарите химни во светот. Не се знае точно кој е нејзин автор, а гласините порано велеа дека ја смислил самиот Фридрих II, крал на Прусија, кои потоа сепак се покажаа дека се само гласини. Денес многумина прифаќаат дека ватор бил Мануел де Еспиноса де лос Монтерос.

Remote video URL

За оваа композиција постојат неколку различни текстови, па и самата химна во неколку наврати била користена со текст и со тоа имала и неколку верзии. Меѓутоа, било тешко да се пронајде текст кој би ја обединил земјата во која постојат големи тензии помеѓу Каталонците и Баскијците од една и Шпанците од друга страна. Во 1978 година, по смрта на диктаторот Франсиско Франко, била исфрлена последната верзија на текст која ја вовел токму националистичкиот лидер. Така, денес, шпанската химна се изведува без текст.

Remote video URL
Сан Марино

Химната на една од најмалите држави во Европа исто така остава без зборови - затоа што и ги нема. Дури и името ѝ е општо бидејќи се вика „Inno Nazionale“, што во превод значи едноставно „Национална химна“. Ја компонирал виолинистот Федерико Консоло, кој е познат и како автор на една од најубавите сефардски мелодии кои можат да се слушнат во италијанските синагоги. Во 1894 година била прифатена за државна химна на Сан Марино.

Remote video URL

Иако италијанскиот поет Џозуе Кардучи напишал текст токму за оваа химна, тој текст официјално не е дел од химната и не се пее на церемонии - само понекогаш во неформално опкружување или школски училници. Токму како и самата држава, и нејзината химла е мала, односно кратка: се состои од 4 кратки строфички. Не е тешко да се запомни, нити да се отпее, но ете, Сан Марино одлучил да биде дел од европскиот инструментален клуб.

Remote video URL
реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Чек дис аут

15 пустини што некогаш биле океани

Read more

Кои се најмодерните владини конвои?

Read more

Го нарекуваат крај на светот: Најјужниот град на планетата

Read more

15 места на Земјата каде што секогаш врне дожд

Read more
 

Магазин

Селкирк рекс - раса на мачки што важи за најслатка поради кадравото крзно

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело ако спиете помалку од 6 часа?

Читај повеќе

Пет знаци на пролетен недостаток на магнезиум во организмот

Читај повеќе

Дали секс на првиот состанок е добра идеја?

Читај повеќе
  • play_arrow

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Читај повеќе
  • play_arrow

15 пустини што некогаш биле океани

Читај повеќе
  • filter

Кански филмски фестивал забрани „голи“ фустани на црвениот тепих

Читај повеќе

Колку протеини треба да внесувате за да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали би патувале низ Италија со „Долче Вита Ориент Експрес“?

Читај повеќе