Шпанскиот првак Реал Мадрид планира да се ослободи од повеќе играчи кои не се во пресметките на тренерот Зинедин Зидан.
Според Marca, целта на раководството е да собере околу 180 милиони евра од продажба на непотребни играчи.
Реал веќе доби 43,5 милиони од трансферите на Ашраф Хакими во Интер и Чави Санчес во Ваљадолид.
На „Сантјаго Бернабеу“ се подготвени да се разделат со Герет Бејл и Хамес Родригес, а во трансфер-листата се и Оскар Родригес, Даниел Себаљос, Хесус Ваљехо, Маријано Дијас, Брахим Дијас, Андреј Лунин, Серхио Регилон, Лукас Васкес, Мартин Едегор, Начо Фернандес, Даниел Гомес и Хорхе де Фрутос.
Кралскиот клуб одлучи да не го продава Лука Јовиќ, за кого на Ајнтрахт (Франкфурт) минатата година платија 60 милиони евра. Српскиот напаѓач најверојатно ќе биде позајмен во друг тим.
Marca додава дека дури и ако планот се спроведе, Реал не планира да направи гласни влезни трансфери ова лето.