ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Кои фудбалски ѕвезди ќе се појават на Олимпијадата?

Среде лето, во необичен фудбалски термин кога сите или сѐ уште се на одмор или ги почнуваат подготовките за новата сезона, на Олимписките игри ќе се делат медали и во категоријата фудбал.

За разлика од Мундијалите или од континенталните натпреварувања како ЕУРО или Копа Америка, олимпискиот фудбал е далеку понеатрактивен и понепривлечен. Но, тоа не значи дека нема добра фудбал и некои одлични играчи.

Во Токио за фудбалското злато ќе се борат 16 репрезентации сочинети од играчи до 23 години, таканаречена олимписка категорија, со тоа што е дозволено секоја репрезентација да вклучи и максимум тројца неограничено постари фудбалери.

На ЛОИ нема да ги гледаме најдобрите светски фудбалери, но ќе истрчаат некои млади суперталентирани, како и некои стари познати имиња.

Дани Алвис (Бразил)

Иако во мај наполни 38 години, одбранбениот играч на Саун Паулу не помислува на повлекување од репрезентацијата, уште помалку на пензија. Тој ќе биде капитен на Бразил на Олимпијадата и како татко на неговите млади соиграчи.

Андре-Пјер Жињак (Франција)

Напаѓачот кој има 35 години веќе шест сезони настапува за мексикански Тигрес. Од репрезентацијата се повлече во 2016 година после Европското првенство, но сега радо се враќа за својата прва Олимпијада.

Гиљермо Очоа (Мексико)

Се враќа на Олимписките игри после цели 17 години откако беше дел од репрезентацијата во 2004 година во Атина. Настапува за Клуб Америка, за Мексико има одиграно 114 натпревари, но останува да видиме дали ќе биде прв избор со оглед на тоа што не ја доби единицата, туку на дресот ќе му стои бројот 13.

Крис Вуд (Нов Зеланд)

Во недостаток од познати имиња дури и играчот на Барнли од Премиер лигата е ѕвезда. Колосниот голгетер на популарните Киви е на Островот уште од 2009 година, полн со искуство.

Дилан Пиериас (Австралија)

Овој 21-годишен фудбалер кој игра како десен бек е пред сѐ интересен за нас бидејќи се работи за деклариран Македонец чии родители потекнуваат од Егејска Македонија. Игра за Вестерн Јунајтед во најдобрата австралиска лига.

Унаи Симон (Шпанија)

На ЕУРО нѐ убеди дека станува збор за одличен млад голман кој со задоволство повторно ќе го гледаме. За играчот на Аѕлетик од баскиската престолнина ова лето ќе биде долго, без одмор, сврзувајќи два турнира еден по друг.

Марко Асенсио (Шпанија)

Беше изоставен од составот за ЕУРО, па за утеха доби повик за Олимпијадата во Токио. Крилото на Реал минатата сезона одигра под очекувањата, па ова му е шанса да покаже што знае и умее.

Педри (Шпанија)

Има само 18 години, а веќе зад себе има 10 настапи за Шпанија и награда Најмлад фудбалер на ЕУРО 2020. Играчот од средниот ред на Барселона важи за најперспективниот фудбалер на Шпанија и најголема идна надеж.

Дани Олмо (Шпанија)

Уште еден од низата фудбалери кои после ЕУРО одат на Олимпијада. Поранешниот треквартиста на загрепски Динамо од лани е во Лајпциг и е уште една причина зошто Шпанија е фаворит во Токио.

Ришарлисон (Бразил)

Крилото на Евертон е ѕвездата во составот на Бразил. И тој доаѓа во Токио после друг турнир откако на Копа Америка дојде до финалето каде остана со празни раце.

Макс Крузе (Германија)

Ако кога ќе го погледнете составот на Германија и најпознатото име ви е Макс Крузе, тогаш нешто дефинитивно не е во ред. Германците очигледно Олимпијадата не ја сфаќаат сериозно штом нападот им го предвод 33-годишниот напаѓач на Унион Берлин.

Амад Диало (Брег на Слонова Коска)

Одигра само три натпревари за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а во Лига Европа доби шанса на 4 и постигна 1 гол. Но, овој крилен играч кој штотуку наполни 19 години допрва треба да покаже зошто Англичаните ѝ платија на Аталанта 40 милиони евра (25 + бонуси).

Тагови
реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Роналдо ја открива програмата на која ги должи неверојатното тело и форма

Read more

Три хороскопски знаци кои ги чека голема среќа во август

Read more

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен се враќа во Интер на прегледи

Read more

Алегри уште е лут: Ако Бонучи сака капитенска лента, нека си купи

Read more

Скромниот Холанд: 175 милиони евра се премногу за еден човек

Read more

Вмешан во нов скандал: Вејн Руни повторно ја изневери сопругата?

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ експресно во полуфиналето на ЛОИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кристијан Ериксен се враќа во Интер на прегледи

Читај повеќе

Георгиевски попладнево се враќа во земјата со олимпискиот медал

Читај повеќе

Новата НБА сезона стартува на 19 октомври

Читај повеќе

Рекорден број на заразени на ЛОИ во Токио, двајца хoспитализирани

Читај повеќе

Македонските јуниорки катастрофално поразени од Словенија

Читај повеќе

Утре е дочекот на олимпискиот херој, Дејан повика на заедничка прослава

Читај повеќе

Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградатa, побараа да му биде доделена на Дејан

Читај повеќе

Ѓоковиќ го комплетира списокот со четвртфиналисти во Токио

Читај повеќе