Кои грешки ги правите при миење на косата?

Б.С.Б.
/ 26.03.2021 / 11:52

Миењето на косата кај повеќето луѓе изгледа прилично слично. Ја миеме косата со шампон, потоа ставаме регенератор и ја плакнеме. Но, тоа можеби не е најдобриот начин за нега и хигиена на косата, пишува The Smart Local.

Кои пет грешки треба да ги избегнувате?

1. Миење на косата со премногу топла вода

Многу топлата вода го опушта телото, но не е баш добра за косата, па ни за кожата. Врелата вода ги отвора надворешните кутикули и на тој начин се суши косата и ја прави склона на кршење. Во текот на миењето на косата користете млака вода со цел производите што ги користите подобро да бидат впиени.

Како последен чекор се препорачува плакнење со студена вода, за заштитниот слој повторно да се затвори. Така косата ќе изгледа посјајна.

2. Ја миете само еднаш со шампон

Тоа не е доволно да за се отстранат нечистотиите кои со денови се собирале на влакната. Затоа, пред употреба на регенератор, потребно е и по втор пат добро да ја измиете косата.

3. Масирање со прсти

Масирањето е пријатно, но не е корисно. На тој начин со ноктите може да го оштетите заштитниот слој на влакната и да предизвикате воспалителни реакции. Резултатот може да биде чешање со што уште повеќе ќе ја гребете кожата. Наместо тоа, масирајте ја кожата со врвот на прстите.

4. Расчешлување на мокра коса

Еден од првите чекори кои многумина ги прават е расчешлување на мократа коса. Иако ова не е толку лошо, важно е да водите сметка за тоа каква четка за коса користите, косата е особено чувствителна кога е мокра.

5. Сушење на косата со пешкир

Уште една грешка е сушење на косата со пешкир, со оглед на фактот дека косата е  особено чувствителна кога е мокра. Нејзино посилно триење со пешкирот може да го отстрани заштитниот слој и да ја прави кршлива. Ако е можно, оставете косата сама да се исуши или нежно истиснете го вишокот вода наместо да ја триете меѓу прстите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе