Доколку се чуваат долго време на висока температура, над 25 степени Целзиусови, гумите ќе се исушат и ќе испукаат.

Со доаѓањето на летото, многумина имаат проблем каде и како да ги складираат зимските гуми. Луѓето често ги чуваат на отворено бидејќи немаат простор во гаражата или подрумот.
Правилното складирање на зимските гуми е многу важно. Ако имате гуми на бандажи, тие треба да се закачат на ѕид или да се наредени една врз друга, според советите на Норвешката асоцијација на увозници на гуми.
Ова ќе спречи да се издишат гумите.
Три работи во голема мера придонесуваат за влошување на гумите: топлина, светлина и влага. Затоа, гаражниот ѕид е можеби најмалку погодното место.
Температурата е еден од најважните фактори. Доколку се чуваат долго време на висока температура, над 25 степени Целзиусови, гумите ќе се исушат и пукаат, а во неизолирана гаража такви температури, ако не и повисоки, често се бележат во лето.
Најдобрата температура за гумата е 10-15 степени Целизусови.
Исто така, силната сончева светлина или светлината на ламбата што испушта многу УВ зрачење е исто така штетна за гумите.
Тоа значи дека гумата побрзо старее, станува потврда и ги губи своите својства побрзо од вообичаено.