Кои клубови нема да штедат во летниот преоден рок?

Шпанскиот весник Marca објави листа на европски клубови од кои очекува дека „ќе го одврзат ќесето“ за големи трансфери летово.

Воопшто не изненадува тоа што Реал Мадрид е прв на листата. Откако Зинедин Зидан се врати на клупата, се шпекулира дека „кралскиот клуб“ летово ќе потроши многу пари за засилувања, по катастрофалната сезона во која испадна од Лигата на шампиони и Шпанскиот куп.

Marca потоа ги наведува ПСЖ и Баерн како активни играчи на пазарот во летниот преоден рок, а играчи ќе се продаваат и на релација Манчестер Јунајтед-Јувентус.

Реал Мадрид

Не е случајност тоа што Реал има ваква сезона откако Кристијано Роналдо минатато лето го замени Мадрид со Торино и стана нов играч на Јувентус. Португалецот во Реал гарантираше 50 голови во сезона, а Шпанците не донесоа соодветна замена за него. Винисиус Јуниор уште се прилагодува на европскиот фудбал, Карим Бензема има добра сезона, но Гарет Бејл не напредуваше во поглед на продукција каква што се очекуваше од него по заминувањето на Роналдо.

„Доаѓањето на Едер Милитао од Порто за 50 милиони евра е сигнал за следниот преоден рок, а играчи кои веќе се поврзуваат со Реал се Пол Погба, Кристијан Ериксен, Еден Азар, Мауро Икарди, Хари Кејн, Килијан Мбапе и Нејмар. Никој не ја пополни дупката што се отвори со заминувањето на Кристијано Роналдо и управата на клубот ќе мора да потпише некој од најголемите светски играчи ако сака да го зајакне нападот“, пишува Marca.

Баерн Минхен

Баварците следното лето ќе останат без Франк Рибери и Арјен Робен, двајца ветерани кои играат во Баерн повеќе од 10 години, така што Нико Ковач ќе мора да направи скап летен шопинг.

Претседателот на клубот Ули Хенес јавно најави дека Баерн следното лето ќе направи големи инвестиции за засилување. Во Бундеслигата сезонава водат жестока битка со Борусија за титулата првак на Германија, а во ЛШ испаднаа во осминафиналето од Ливерпул.

„Трансферот на Бенџамин Павар од Штутгарт за 35 милиони евра веќе е договорен и клубот покажува интерес за Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. Се смета дека клубот е подготвен да потроши околу 200 милиони евра во следниот преоден рој“, наведува шпанскиот весник.

ПСЖ

Нова сезона, иста приказна за ПСЖ. Повторно испаднаа во првата рунда од нокаут фазата на ЛШ и нова титула француски прваци одамна не е добра награда за шеиците кои го поседуваат клубот. Затоа мора да направат промени во составот, а Marca нагласува дека најмногу ќе може да се потпрат на нови млади играчи.

„Парижаните веќе ги имаат Мбапе и Нејмар кои го водат нападот, така што најдобра опција им е да бараат млади талентирани играчи. Со оглед на тоа дека има нови спонзорски договори, клубот може да си дозволи да продолжи да вложува пари и да цели кон титулата во ЛШ за која сонува Насер ал-Келаифи.“

Манчестер Јунајтед и Јувентус

Можниот трансфер што го спомнавме претходно се однесува на Пауло Дибала. Англиските медиуми веќе истакнуваат дека Оле Гунар Солскјер бара засилувања со кои ќе ја изгради екипата, а Аргентинецот е една од опциите.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да вложат големи пари за да ја изградат повторно екипата, а за Дибала можно е да издвојат и до 120 милиони евра. Дел од тој трансфер може да биде и Ромелу Лукаку кој со тој потег би ја заменил Англија со Италија.

Белгискиот напаѓач досега имал само пофални зборови за Јувентус.

„Јувенус има одличен проект и само напредува. Секоја година е сѐ посилен. Без никакво сомнение, Јуве е еден од трите најдобри клубови во Европа. Имаат одличен тренер на клупата и врвни играчи на секоја позиција“, констатира Marca.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе