Кои крвни групи имаат најголем ризик од ран мозочен удар?

Луѓето со една од крвните групи тип А имаат поголема веројатност да добијат мозочен удар пред шеесеттата година во споредба со луѓето со други крвни групи, откри студија.

Крвните групи ја опишуваат разноликоста на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца. Меѓу најпознатите се оние кои се наречени А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ, поединечно како А или Б или не се присутни, како 0.

Дури и внатре во овие главни крвни групи постојан варијации кои произлегуваат од мутации на гени.

Истражување откри јасна врска меѓу генот за подгрупата А1 и ран почеток на мозочен удар, пренесе Science Alert.

Истражувачите собрале податоци од 48 генетски студии кои вклучувале околу 17.000 луѓе со мозочен удар и скоро 600.000 без мозочен удар. Сите учесници биле на возраст меѓу 18 и 59 години.

Истражувањето на ниво на геноми откри две локации кои се силно поврзани со ран ризик од мозочен удар. Едната се поклопила со местото каде се наоѓаат гените за крвна група. Друга анализа за специфични типови гени откри дека луѓето чиј геном е кодиран за варијација од А групата имаат 16% поголеми шанси за мозочен удар пред 60 години, во споредба со луѓето со други крвни групи.

Оние со геном за групата 01 имаат ризик помал од 12%.

„Сè уште не знаеме зошто крвната група А претставува поголем ризик“, вели васкуларниот невролог и автор на студијата Стивен Китнер од Универзитетот Мериленд.

„Но, тоа веројатно има врски со факторите за згрутчување на крвта како што се тромбоцити и клетки кои ги обложуваат крвните садови, како и други протеини. Сите играат улога во развој на крвни згрутчувања“, објаснува тој.

Луѓето вклучени во студијата живееле во Северна Америка, Европа, Јапонија, Пакистан и Австралија. Научниците потенцираат дека се потребни дополнителни студии за да се разјаснат механизмите на зголемениот ризик од мозочен удар.

Уште еден клучен момент од студијата доаѓа од споредба на луѓето кои имале мозочен удар пред шеесеттата година со оние кои имале мозочен удар по шеесеттата година. Откриено е дека зголемениот ризик од мозочен удар кај крвната група А е безначаен во групата со подоцен почеток на мозочен удар. Тоа сугерира дека мозочните удари кои се случуваат порано во животот имаат поинаков механизам во споредба со оние кои се јавуваат подоцна.

Студијата откри дека луѓето со крвна група Б имаа околу 11% поголема веројатност од мозочен удар за разлика од оние кои немале, без оглед на нивната возраст.

реклама

Здравје

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Read more

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Read more

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе