Кои крвни групи треба да посветат најмногу внимание на срцевото здравје?

Некои крвни групи се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.

Иако начинот на живот може да влијае на срцевите заболувања, генетиката исто така игра значајна улога.

„Ако го приспособите вашиот животен стил и бидете активни и строги за тоа што јадете, можете да го намалите лошиот холестерол за околу 25% до 30%,“ вели д-р Лук Лафин.

Остатокот е генетски определен. И не можеме да влијаеме на факторите на ризик како што се генетиката, семејната историја и стареењето.

Вежбајте за здравје на срцето

Вежбањето е пресудно за превенција од срцеви проблеми, дури и кај луѓе кои имаат генетска предиспозиција да добијат срцеви заболувања.

„Срцето е мускул на кој му треба вежбање. Постигнувањето на отчукувањата на срцето во зоната за аеробни тренинзи ја одржува таа функција на пумпање на срцето или систолна функција“, вели д-р Лафин, кој препорачува 150 минути вежбање со умерен интензитет за една недела.

„Но, уште поважно, редовната физичка активност може да доведе до намалување на крвниот притисок и стабилност на тежината. И кога аеробната физичка активност ќе стане навика, почнете да додавате тренинг со отпор користејќи мали тегови или шипки. Дури и два до пет пати неделно може да помогне во спречување на срцеви заболувања.

Јадете според крвната група

Не можете да ја промените вашата крвна група - но можете да ја промените вашата исхрана.

„Се фокусираме на исхрана во медитерански стил за оптимално здравје на срцето“, вели Џулија Зумпано, диететичар во клиника во Кливленд, која работи на превентивна кардиологија.

„Медитеранската исхрана е богата со овошје и зеленчук, житарици, риба, екстра девствено маслиново масло, јаткасти плодови и семки. Ако почнете да јадете повеќе храна без месо, дефинитивно позитивно ќе влијаете на здравјето на срцето. Се препорачуваат и грав, мешунки, секаков вид јаткасти плодови, семиња и производи без месо, како што е тофу... Во суштина, велам да започнете со еден оброк без месо неделно“, рече таа.

Редовно проверувајте го холестеролот

Опасно висок холестерол може да доведе до срцев удар и мозочен удар, затоа не заборавајте да го проверувате нивото на холестерол редовно после 20-тата година од животот, без оглед на ризикот од срцеви заболувања.

Крвни групи која најмногу треба да обрнат внимание на срцето

Крвните групи А, Б или АБ се најподложни кога се работи за срцеви заболувања.

„Иако луѓето не можат да ја променат својата крвна група, нашите наоди можат да им помогнат на лекарите подобро да разберат кој е изложен на ризик за развој на срцеви заболувања“, вели д-р Лу Чи.

„Добро е да ја знаете вашата крвна група на ист начин како што треба да ги знаете вредностите на холестеролот или крвниот притисок. Ако знаете дека сте изложени на поголем ризик, можете да го намалите ризикот со усвојување поздрав начин на живот, како што се правилно јадење, вежбање, непушење цигари, на пример.“

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе