Многу студии досега покажаа дека редовното консумирање црвено месо е поврзано со зголемен ризик од развој на висок холестерол и висок крвен притисок, што и двете можат да доведат до срцеви заболувања, како и развој на одредени видови на рак.

Како што е соопштено од Eat This, некои студии дури откриле дека прекумерното внесување црвено месо го зголемува ризикот од развој на дијабетес и дури може да го скрати животниот век.
Иако е разбирливо дека повременото консумирање црвено месо нема да резултира со вакви негативни последици, сепак диететичарите предупредуваат дека одредени групи луѓе не треба да јадат ваков вид месо, туку максимално да го избегнуваат.
Овие групи се препорачува никогаш да не јадат црвено месо:
- луѓе кои имаат висок холестерол
- луѓе со болести на срцето или циркулаторниот систем
- луѓе со напредна бубрежна болест
- луѓе со семејна историја на рак на дебелото црево.