Кои мали автомобили се најмалку проблематични?

Британски WhatCar? објави интересна листа на мали и подостапни автомобили кои се рангирани врз основа на тоа колку можете да му верувате на автомобилот.

Редоследот на ваквите листи, грубо гледано, може да се добие врз основа на два вида истражувања. Првиот се заснова на цврсти докази, како што се, на пример, информации од задолжителни технички прегледи или интервенции на службите за помош на пат.

Вториот е оној во кој моделот заслужува место на листата врз основа на информации добиени директно од возачите. Во првиот случај податоците се неспорни, но не мора да бидат целосни.

Во вториот, можете да ставите прашалник зад насловот „кредибилитет на податоци“, но опсегот на информации овде е многу поширок. Токму една таква листа направи британскиот WhatCar?

Читателите беа анкетирани за дефекти што се случиле на нивните автомобили во текот на изминатата година. Она што е уште поважно да се спомене, беше неопходно да се одреди цената на поправката и времето потребно за таа да се изврши.

Ова резултираше со индекс на доверба изразен во процент. Колку е поголем процентот, толку подобро.

Кога станува збор за малите и достапни автомобили, добиените резултати може да бидат изненадувачки за некои.

1. Dacia Sandero (2013-2020) - индекс на доверба: 100%

Тоа значи дека ниту еден од анкетираните сопственици на Sandero не споменал никакви недостатоци на овој модел.

2. Hyundai i10 (2014-2020) - индекс на доверба: 99,6%

Најчестите пријавени проблеми беа поврзани со системот за управување. Во сите случаи, поправката не вклучувала никакви трошоци и времето потребно за нејзино извршување не било подолго од еден ден.

3. Suzuki Swift (од 2017 година) - индекс на доверба: 99,3%

И во овој случај сите возила беа под гаранција, па немаше трошоци, а најчестиот проблем сопствениците го имаа со клима уредот. Поправката понекогаш траеше и до седум дена.

Подолу, погледнете го редоследот на преостанатите модели на оваа листа:

4. Hyundai i20 (2015-2020) - индекс на доверба: 99,0%

5. Honda Jazz (2015-2020) - индекс на доверба: 98,1%

6. Mini Hatchback (бензинец од 2014 година) - индекс на доверба: 96,9%

7. Ford Fiesta (бензинец 2008-2017) - индекс на доверба: 95,0%

8. Volkswagen Up (од 2012 година) - индекс на доверба: 94,8%

9. Renault Clio (2013-2019) - индекс на доверба: 94,3%

10. Kia Rio бензинец (од 2017 година) - индекс на доверба: 94,0%

11. Kia Picanto (од 2017 година) - индекс на доверба: 93,9%

12. Audi A1 (бензинец од 2018 година) - индекс на доверба: 92,2%

13. Škoda Fabia (2015-2021) - индекс на доверба: 91,7%

14. Opel Corsa (2014-2019) - индекс на доверба: 90,6%

15. Seat Ibiza (од 2017 година) - индекс на доверба: 90,5%

16. Volkswagen Polo (од 2018 година) - индекс на доверба: 80,6%

17. Ford Fiesta (од 2017 година) - индекс на доверба: 74,9%

Изненадувачки, еден од омилените автомобили во Велика Британија од овој сегмент заврши на дното на листата.

Во случајот со Fiesta, проблеми пријавиле значителен процент од сопствениците. Тие обично се однесуваа на суспензијата, батеријата, моторот, воланот и системот за издувни гасови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе