Кои модели на iPhone нема да добијат iOS16?

Apple воведе голем број иновации за време на WWDC. Една од нив е новата верзија на оперативниот систем за најпопуларниот iPhone производ на Apple, iOS16.

Оваа верзија носи неколку интересни промени, а секако најинтересни се дизајнерските, бидејќи iOS 16 носи сосема нов изглед на заклучениот екран. Но, кои уреди ќе имаат можност да пробаат сè што нуди iOS 16, а на кои ќе им биде ускратен?

iOS 16 носи виџети на заклучениот екран, ги подобрува нотификациите, додава нови функции на пораките, ја подобри апликацијата Apple Wallet. iOS 16 исто така носи поддршка за Always On Display, но оваа функција ќе пристигне само на моделите на следната генерација на iPhone кои ќе бидат претставени подоцна оваа есен.

Покрај деталите за новите функции кои ги носи iOS 16, гигантот од Купертино објави листа на уреди кои ќе ја добијат надградбата на iOS 16. Значи, на оваа листа има 19 iPhone-и.

Следниве телефони добиваат iOS 16:

iPhone 13

iPhone 13 mini

iPhone 13 Pro

iPhone 13 Pro Max

iPhone 12

iPhone 12 mini

iPhone 12 Pro

iPhone 12 Pro Max

iPhone 11

iPhone 11 Pro

iPhone 11 Pro Max

iPhone Xs

iPhone Xs Max

iPhone Xr

iPhone X

iPhone 8

iPhone 8 Plus

iPhone SE 2020

iPhone SE 2022

Така, како што можеме да видиме, на листата се телефони претставени во 2022 година до 2017 година, кога беа претставени сериите iPhone 8 и iPhone X. Надградбата ќе биде дадена на втората генерација iPhone SE, која беше претставена во 2020 година, како и на најновиот iPhone SE 2022.

Списокот не вклучува некои уреди кои добија iOS 15, што значи дека ова ќе биде нивното последно ажурирање на iOS. Мислиме на iPhone 6s, серијата iPhone 7 и оригиналниот iPhone SE од 2016 година.

Овие телефони нема да добијат iOS 16. Така, некои од овие телефони добија 6, а некои 7 години софтверска поддршка, што секако е импресивна должина кога станува збор за софтверска поддршка.

Тагови
реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Софтвер

Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Read more

Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Read more

Шпионски софтвер може да го зарази вашиот телефон без ниту еден клик

Read more

Првата бета верзија за Android 14 е тука – што има ново?

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе