Кои модели се во финалниот избор за Автомобил на годината?

Како што се ближи крајот на календарската година, така сме сѐ поблизу до изборот за Европски автомобил на годината. Натпреварот влезе во нова фаза во која листата од 38 модели беше скратена на само седум кои влегуваат во финалниот избор.

Изборот за најдобар автомобил на Стариот континент „European Car of the Year“ се прави оваа година а победникот ќе биде прогласен дури наредната година во март.

Помеѓу седумте модели кои се во борба за наградата за Автомобил на годината се: Alpine A110, Citroen C5 Aircross, Ford Focus, Jaguar I-Pace, Kia Ceed, Mercedes A-Class и Peugeot 508.

Уште на прв поглед може да се забележи дека списокот на финалисти годинава е навистина разновиден, но и дека во финалниот избор се најдоа најмногу автомобили од француски производители (Alpine A110, Citroen C5 Aircross, Peugeot 508).

Помеѓу финалистите е еден електричен автомобил – Jaguar I-Pace, потоа чистокрвниот спортист Alpine A110, како и SUV моделот Citroen C5 Aircross. Како претставници на еден од најпопуларните автомобилски сегменти во Европа – класата на компактен хечбек – присутни се Ford Focus и Kia Ceed, но и претставникот на премиум произведувачот, Mercedes A-Class. Листата завршува со новиот Peugeot 508 како единствен модел помеѓу финалистите со лимузинска каросерија и со пет врати.

За признанието Европски автомобил на годината 2019 конкурираа сите модели кои се појавија во барем 5 земји на европскиот пазар од почетокот на 2018 година. Победничкиот автомобил ќе го одбере меѓународно жири составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји.

Овој традиционален избор се одржува од 1964 година, а минатата година како победник се издвои моделот Volvo XC40. Новиот победник ќе биде познат на 4 март 2019 година, пред почетокот на автомобилскиот саем во Женева.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе