Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Родителите често се грижат дали на своите деца им посветуваат доволно љубов и внимание.

Сепак, психолозите објаснуваат дека дури и навидум наједноставните работи што родителите ги прават со своите деца се токму спомените од детството кои тие најмногу сакаат да ги паметат.

Приказни пред спиење

Истражувањата покажуваат дека читањето приказна пред спиење носи поблиски односи меѓу детето и родителот. Особено времето на крајот од денот пред да заспие детето е одличен начин за поврзување, но и нешто што детето најчесто го памети од своето детство.

Сослушување

Иако често знаеме да му кажеме на детето дека во моментот немаме време или дека сме зафатени со одредени обврски, доколку им обрнеме внимание на нашите деца кога знаеме дека треба, психолозите не уверуваат дека можеме да бидеме сигурни дека еден ден ќе размислуваат за своето детство и ќе се сетат како нивните родители секогаш биле тука за нив. Исто така, понекогаш децата нè прекинуваат затоа што сакаат да го привлечат нашето внимание, а не затоа што секогаш сакаат нешто од нас или имаат нешто посебно да ни кажат.

Гушкање

Ако погледнете наназад на вашето детство и почувствувате љубов и среќа, големи се шансите тоа да било исполнето со љубов од вашите родители. Имено, гушкањата и прегратките не се само симбол на љубов, туку и на поддршка и заштита. Психолозите советуваат дека треба што почесто да ги гушкаме нашите деца бидејќи така тие ќе се чувствуваат безбедно, сакано и ценето, а и самите еден ден ќе станат љубовни родители.

Семејни традиции

Без разлика дали се работи правење домашна пица за вечера или чести патувања во природа, семејната традиција ќе му овозможи на детето еден ден да се сети на сите убави спомени поврзани со семејните моменти.

Заеднички оброци

Додека времето за јадење може да биде стресно кога децата се млади и немирни, со текот на времето овие моменти ќе станат нешто што ќе го паметат во иднина. Имено, психолозите објаснуваат дека седењето на маса и споделувањето оброк, дури и ако тоа се случува само за време на викендите, им станува еден од омилените спомени на децата. Тоа е време кое може да го поминат со родителите, без телефони, телевизија и други одвлекувања на вниманието.

реклама

Девојка прегазена на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ во Скопје

Read more

Украинците се повлекоа од Русија, објавена е снимка: Тоа беше како хорор филм

Read more

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Read more

Тошковски: Лицето кое ракувало со пиротехничките средства загинало во пожарот

Read more

Живот

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Read more

Досадата им е неприфатлива: Хороскопски знаци со неисцрпна енергија

Read more

Начините на кои прекумерната грижа влијае на децата

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more
 

Магазин

Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе

Три евтини намирници кои го намалуваат холестеролот

Читај повеќе

Што треба да јадете за здравје на цревата?

Читај повеќе

Зошто утринското истегнување треба да ви стане навика?

Читај повеќе

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Читај повеќе

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршено пире од компири?

Читај повеќе

Шест едноставни навики со кои можете да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе